Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Се слави „Св. Никола“, заштитник на немоќните и сиромашните – најмасовната домашна слава

Река од добронамерен и славољубив народ, и денеска на празникот посветен на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Река од добронамерен и славољубив народ, и денеска на празникот посветен на „Св. Николај Чудотворец“, традиционално, по 19-ти пат,  во срцето на градот под Марковите Кули му оддаде слава и почит на светителот кој од 2005-та година е и духовен патрон на градот. Посната светиниколска трпеза, поставена на отворено, за секој еден да може да вкуси од неа, колку за адет, придружена со пригодна музичка програма, ја благаслови надлежниот арехијереј, владиката Петар, кој во својата празнична беседа, а повикувајќи се на мноштвото кризи, помеѓу кои и духовната, кои го беше го заробиле светот воопшто,  ги повика локалните власти овој голем православен празник, во градот да се прогласи за неработен ден.

„Да се прогласи овој ден, барем да биде ден слободен, неработен и сите да се најдеме во храмовите на денешниот ден, сите да прославуваме. Сега кога доаѓавме тука, дечињата од училиштето не’ аа да ни тропаат на прозорците за да не’ поздарават. Зошто да не се и тие слобпдни денеска, сите да сме слободни, па ако нема друг начин, за да се прогласи овој ден да биде неребаотен ден, односно ден на прослав, ден на заедничко славење на Светиот Николај , нека биде макар со одрабптување во друг ден од седмицата, дали ќе биде сабота или друг ден“ – повика митрополитот г. Петар.

Благослов, но и честитки за денешниот празник, стигна и од Локалната самоуправа, која освен редовен покровител, годинава е и домаќин на градската слава. Градоначалникот Борче Јовчески, истакнувајќи колку Прилеп како град е верен во зачувувањето и одржувањето на традиционалните, рече дека овој настан е само еден од низата надалеку прочуени настани, вклучително и во Гинис од 2008-та година, и понатаму ќе бидат во фокусот на Општина Прилеп.

Реклама

„Св. Никола е симбол на хуманоста, добротворноста и гриѓа за немоќните и сиромашните. Неговото дело е патоказ и инспирација како да ја градиме нашата заедница врз основа на добрината, разбирањето и солидарноста.Оваа година ЛС на Општина Прилеп ја имаше честа да бид домаќин на Градската слава. Со голема посветеност се потрудивме да го одбележиме празникот дпстпјно, во духот на нашите вредности и традиции“, кажа Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Кумството за наредната година, го презедоа две успешни прилепски компании – „Матадор“ и „Бимфуд“.

„Од името на мојата Компанија и од името на Компанијата „Бимфуд“ кои што домаќини се во Србија и не се присутни оти слават куќна слава, ви благодарам на сите честа и ве шоканувам в година во уште поголем број  да го прославиме „Св. Никола“ заедно“, -Игор Стеванов, иден домаќин и сопственик на Компанијата „Матадор“.

Инаку, „Св. Никола“ за патрон-празник на Прилеп е востановен во 2005-та година, а во 2008 година, градот и Македонија, за прв пат влегоа во Гинис со најголемата порција минијатурна посна сарма од 80.191 сармиче со големина на лешник.

Каролина Дурло