Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Се реконструира локалниот пат село Ѓуземелци село Кнежје кој поврзува две општини во овчеполието

Локалниот пат село Ѓуземелци село Кнежје кој ги поврзува  општините Лозово и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Локалниот пат село Ѓуземелци село Кнежје кој ги поврзува  општините Лозово и Свети Николе во овчеполието, е тампониран и наскоро треба да се асфалтира со што целосно ќе се реконструира и ќе се подобрат условите за живот на жителите од  двете села, а воедно ќе се поврзат општините. Со неговата реконструкција ќе се подобри патната инфраструктура од црквата „Свети Ѓорѓи“ во село Ѓуземелци до археолошкиот и туристички локалитет  Градиште во село Кнежје, каде се наоѓа познатиот антички град Била Зора –  престолнината на  независните Пајонци.

Патот  е во должина од 1,5 километри и се финансира од средства од буџетот на Општина Лозово и со поддршка од Владата преку унгарскиот кредит, информира за МИА, Бошко Цветковски, градоначалник на Општина Лозово.

Тој потенцира дека  комуникацијата ќе биде многу подобра, безбедноста во сообраќајот многу поголема, а можноста за оштетување на возилата сведена на минимум.

Реклама

-Новиот пат, ќе значи нови можности за развој и заживување на селата, развој на земјоделството и сточарството и подобрување на условите за живот во руралните делови и развој на туризмот, потенцира Цветковски.

Инаку досега комуникацијата помеѓу овие две села беше многу отежната посебно во врнежливите денови со кал кога единствено со трактор можеше да се помине оваа дестинација помеѓу двете села Ѓуземелци и Кнежје. Честопати се случуваше жителите или некој турист кој залутал по овој пат со автомобил да мора напомош да вика тракторист да го извлече од калта.

Со реконструкцијата на патот од Ѓуземелци до Кнежје освен од Свети Николе туристите од земјава и странство наскоро ќе можат да го посетат локалитетот Градиште во село Кнежје од страната на Општина Лозово брзо и удобно за кратко време со автомобил или велосипед.