Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

🎥 Се реформира јавната администрација – Владата го промовираше Информациониот систем за управување со човечки ресурси

Се реформира јавната администрација, се подобрува нејзината ефикасноста, транспарентност, и прецизноста во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се реформира јавната администрација, се подобрува нејзината ефикасноста, транспарентност, и прецизноста во управувањето со човечкиот капитал во државните институции. Владата го промовираше Информациониот систем за управување со човечки ресурси. Преку него, ќе се воспостави прецизен регистар на вработени во јавниот сектор, ќе се намали времето за обработка на податоци, ќе има подобар и побрз пристап до точни и ажурирани информации за вработените. Премиерот Христијан Мицкоски е дециден дека со целосната имплементација на Информациониот систем за управување со човечки ресурси, се прави голема разлика – од хаос кон функционален  систем, од пристрасност кон дигитална евиденција, од импровизација кон стратегија. 

Преку овој систем, за првпат државата има целосна и транспарентна слика за тоа кој е вработен, каде, по кој основ, со кои квалификации, каква плата добива и дали е заслужена. Повеќе нема кумови, пријатели, советници по заслуга. Сега има податоци, перформанси и одговорност.  Претходната власт не остави систем. Ни остави мрежа. Мрежа на влијанија, уцени, договорени функции и поставувања преку врски. Се криеја вработувања од јавноста. Се местеше документација. Луѓе без ден искуство раководеа со сектори. Тој модел го рушиме од корен. И на негово место градиме нов – праведен, транспарентен и контролиран систем, рече премиерот Мицкоски.

Според министерката за финансии, Гордана Димитриевска Кочоска, овој систем ќе придонесе за прецизна и навремена пресметка на платите, намалување на административните трошоци, и подобро буџетско планирање.

Реклама

Ја поздравуваме оваа иницјатива на Министерството за јавна администрација. Овој систем ќе придонесе за прецизна и навремена пресметка на платите, намалување на административните трошоци, и подобро буџетско планирање, рече Димитриевска Кочоска.

Што се однесува до неефикасноста на дел од јавната администрација, оние кои не се компетентни да ја вршат работата на позицијата на која се поставени, ресорното министерство планира и формирање на Академија каде што кадрите ќе се дообучуваат во својата област. Уште еден чекор кон поефикасна администрација е и да престанат партиските вработувања.

Планираме да формираме Академија, тоа е еден од законите кои утре се на пленарна седница во Собранието, каде ќе се обучуваат кадрите. Секако дека овој систем ќе придонесе и да се спречи партизацијата, рече Минчев.

Реформите во јавната администрација се повеќе од неопходни, а со тоа ќе се постават и темелите за институционална стабилност и правичност – без политички влијанија.