Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Се продлабочува соработката со Катар во областа на трудот

Соработка во повеќе области во делот на унапредувањето на работните односи, инспекцијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соработка во повеќе области во делот на унапредувањето на работните односи, инспекцијата на трудот, безбедноста и здравјето при работа, како и размена на искуства во подготовката и развојот на законските решенија во областа на трудот, предвидува меморандумот за сорабтка што денеска во Скопје го потпишаа министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и министерот за труд на Државата Катар, Али бин Саед бин Самих ал Мари.

-Денеска направивме значаен чекор во продлабочувањето на билатералната соработка меѓу Македонија и Државата Катар со потпишувањето на Меморандумот за соработка во областа на трудот. Овој документ претставува нова основа за институционална соработка и размена на знаења и искуства меѓу двете министерства. Меморандумот предвидува конкретна соработка во повеќе области од заеднички интерес, како што се унапредувањето на работните односи, инспекцијата на трудот, безбедноста и здравјето при работа, како и размена на искуства во подготовката и развојот на законските решенија во областа на трудот – изјави министерот Дурмиши по потпишувањето на меморандумот.

Тој нагласи дека е особено важно што со овој документ се воспоставува Заеднички комитет составен од претставници на двете земји, кој ќе ја координира имплементацијата на договорените активности, ќе ги планира идните програми за соработка и ќе обезбеди континуиран дијалог меѓу институциите.

Реклама

-За Министерството за економија и труд, меѓународната соработка претставува значаен инструмент за унапредување на националните политики. Размената на добри практики со партнерски земји ни овозможува да ги зајакнеме институционалните капацитети, да ги подобриме условите на пазарот на труд и да изградиме современи политики кои ќе одговорат на потребите и на работниците и на работодавачите. Верувам дека оваа соработка ќе придонесе за понатамошно зацврстување на пријателските односи меѓу нашите две држави и ќе отвори можности за нови заеднички иницијативи во областа на трудот, вработувањето и развојот на човечките ресурси, потенцира Дурмиши.

Нагласи дека со Катар првично ќе се разменуваат искуства во областа на трудот и посочи дека ќе се направи размена во делот на работници што се квалификувани во делот на образование, здравство, ИТ сектор.

-Ќе размениме и искуства во делот на инспекциските надзори во делот на трудот и во делот на трудовото законодавство – рече Дурмиши и додаде дека во наредниот период ќе се согледа можноста за евентуална размена на дефицитарни работници меѓу двете земји.

Порача дека земјава останува посветена на градење силни меѓународни партнерства кои ќе придонесат за економски развој, подобри можности за граѓаните и поконкурентен пазар на труд.