Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Се повеќе малолетници користат дрога

Македонија врие од дрога, полициските билтени секојдевно ги полнат инфорамции за приведени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија врие од дрога, полициските билтени секојдевно ги полнат инфорамции за приведени консументи,меѓу нив има и деца. Бизнисот на ова тло со години цути,полицијата апси, но состојбата е повеќе од загриживачка,вели професорот по криминологија Стефан Буџакоски.

 Имаме зголемен број на дилери на дрога, меѓутоа во Македонија подолго време не се придаваше големо значење на растот на злоупотреба на дрогата и тоа донесе до поголем раст.Дури ако направиме поголема продлабочена анализа ќе видиме дека состојбите со косумирање на дрога се загрижувачки-вели Стефан Буџакоски,универзитетски професор

Во охридско струшкиот регион па дури и во малите градови од внатрешноста има голем број на уживатели на дроги, но и експериметирање со нови видови на дроги кои се посебно присутни кај најмладата популација укажува Буџакоски.Струшката полиција јавно обелодено што се случува во регионот. Состојбите велат не можат да се сменат преку ноќ.

Реклама

 На подрачјето за жал имаме премногу движење на особено на помладата генерација каде што се затекнати во нивните возила,во нивните џебови присуство на недозволива материја без разлика дали е тоа марихуана,дали е хероин,кокаин и многу други работи”-вели Абдулкерим Камбери,командир на ПСОН Струга

Полицискиот извештај беше презентиран пред гратските советници,дел од нив кои сакаа да проговорат,отворено ја лоцираа вината.

Сите потфрлуваат и родителите и образовниот систем и целото општество”-вели Изјава Елисавета Кочоска Велјаноска-советник ВМРО-ДПМНЕ

Јавното откривање на податок кој долго време се криеше во Македонија е доволен поттик да се свртиме кон поголема превентивна активност за сузбивање на појавата,оти дрогата е проблем на општеството во целост,велат експертите.

Росица Голабоска