Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Економија

Се поставува прв асфалтен слој на улица „11“ во Кадино

Општина Илинден започна со поставување на прв асфалтен слој на вториот дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Илинден започна со поставување на прв асфалтен слој на вториот дел од улицата „11“ во населеното место Кадино. Станува збор за делница во должина од околу 500 метри и широчина од 5,5 метри, каде покрај целосната реконструкција на коловозот, се предвидува и изградба на нов тротоар со широчина од 1,5 метри, со чија изведба значително ќе се подобрат условите за сите учесници во сообраќајот, информираат од локалната самоуправа.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид на градежните активности и истакна дека реконструкцијата на главната улица „11“ во Кадино се одвива со засилено темпо, при што заедно со претходно санираниот дел, обновената делница достигнува околу 720 метри, нагласувајќи дека целиот проект се реализира со средства од буџетот на Општина Илинден, како јасен показател за силната и континуирана посветеност на општината кон модернизација и унапредување на локалната инфраструктура.

-Со започнатото асфалтирање и интензивните теренски активности, Општина Илинден продолжува со реализација на проекти што придонесуваат за подобар квалитет на живот, рамномерен развој и современо уредување на сите населени места, велат од општината.