Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Се градат темелите во здравството: Реновирани оддели и амбуланти, проширена позитивна листа, зголемени плати и капитационен бод на матичните

Здравство, една од најзначајните, а во исто време најчувствителна гранка во македонското…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здравство, една од најзначајните, а во исто време најчувствителна гранка во македонското општество, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

“Како и се останато, СДСМ се погрижи, за периодот на седумгодишното владеење, целосно да го урниса, да ја намали довербата на пациентите во здравствените работници и да остави разочаран и депримиран здравствениот персонал.

Не требаше многу, доволно беше една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ за и во здравството, со интензивна и посветена работа да се постават и да почнат да се градат темелите.

Реклама

Со цел ефикасно менаџирање и рационализација на трошоците на здравствените установи, меѓу првите одлуки кои Владата ги донесе беше, укинување на економските директори во јавните здравствени установи.

Набрзо потоа, во корист на пациентите, по повеќе од десет години се прошири позитивната листа на лекови со девет нови генерики на лекови, се набави компјутерски томограф со систем за инсталација во хибридна сала и целосно интегриран со ангиографскиот систем за потребите на ЈЗУ УК за кардиохирургија.

Се прошири Националната програма за рана детекција и скрининг на малигни заболувања за 2025 година со компонента за Скрининг и рана детекција на црн дроб и се усвои Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението во Македонија 2025 – 2030“, додаваат во соопштението.

Исто така, се активираше педијатриски дежурен пункт во рамките на ЈЗУ ЗД Скопје, нова компресорка станица во рамките на хируршкиот блок, на хируршките клиники во комплексот Мајка Тереза и изведени нови типови на трансплантации (црн дроб, коскени ткива, менискус), како и подигнување на свеста за органодарителството.

„Во изминатата година се набави нова медицинска опрема и се воведоа нови методи во:

– Општа болница Велес (уролошка и ортопедска опрема),

– УК за хируршки болести Св. Наум Охридски (уролошка опрема),

– ОБПД Прилеп (уролошка и ортопедска опрема),

– УК за кардиологија (кардиолошка опрема),

– УК за детски болести (неонатолошка опрема, инкубатори, перфузори, невролошка опрема),

– Општа болница Куманово (неонатолошка опрема, нов инкубатор и полуинтензивна нега),

– ГОБ 8ми Септември (нова ортопедска опрема) и воведување на нови методи од областа на интервентна радиологија.

Интензивно се работеше на модернизирање на условите за работа и третман на пациенти при што многу оддели и амбуланти во рамки јавните здравствени установи беа реновирани, и тоа:

– Комплетно реновиран одделот за ургентна инфектологија, ЦНС оддел и интензивната нега во ЈЗУ УК за инфективни болести,

– Реновиран кабинет за аудиологија во ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербална комуникација Скопје,

– Реконструкција и реновирање на повеќе одделенија при ЈЗУ Општа болница Гостивар,

– Реновирање и поставување на пет нови лифтови во ЈЗУ КБ Тетово,

– Реновиран кабинет за радиологија при хируршки клиники,

– Реновирана невролошка амбуланта во рамки на ЈЗУ УК за детски болести,

– Комплетно реновиран прв кат на ЈЗУ УК за психијатрија,

– Комплетна реконструкција на одделот за физикална и рехабилитациона медицина при ЈЗУ ОБ Гостивар“, потенцираат од владејачката партија.

Покрај ова, во измината година се водеше грижа за здравствениот персонал, така што во финален процес е вработувањето на 300 лекари специјалисти, а за најкраток рок ќе следи и вработување на уште 300.

Се воспостави механизам за континуиран раст на платите на здравствените работници и соработници во јавните здравствени установи кои во мандатот ќе се зголемат до над 40% и се зголеми капитациониот бод на матичните доктори, гинеколози и стоматолози.

Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.