Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Се чешла работењето на универзитетите – евалуацијата открива сериозни злоупотреби

Скандалот на Филозофскиот факултет ја отвори Пандорината кутија за тоа како работат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скандалот на Филозофскиот факултет ја отвори Пандорината кутија за тоа како работат факултетите во државата. Министерката Јанесвка најави дека преку евалуацијата, ќе се чешлаат сите институции и дека јавноста наскоро ќе биде сведок на уште поголем скандал од оној на Филозофски каде беа беа фатени студенти кои спотивно на законот запишале магистерски и докторски студии. Се работи за седуммина запишани на магистерски и четворица на докторски студии. Државниот Просветен Инспекторат им го прекина студирањето. Од нив досега не докторирал ниту еден, а магистрирале осумина. 

„Многу бргу ќе слушнеме уште една, многу покрупна неправилност од оваа, која ќе ја изненади целата македонска јавност. Има многу неправилности во одредени институции, не во сите, и за нив ќе се постапува по закон. Дали била виновна администрацијата или раководството, дали некои студенти учествувале во ваквите дејства, ќе утврдат соодветните органи“, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Јаневска вели дека Државниот просветен инспекторат постапил по поплаки и жалби на поединци, по што утврдил каде се пропустите и донел одлука како треба да се постапува. Јаневска го добила извештајот од Филозофскиот факултет, викендов ќе биде на разгледување, а веќе од понеделник ќе се знаат деталите и ќе се постапи.

Реклама

„Во текот на викендот ќе го обработиме (извештајот) и в понеделник веќе ќе носиме решение“, изјави Весна Јаневска, министерка за образование.

„Оваа состојба е затекната за сите нас. Се случувало во периодот помеѓу 2019 и 2022 година во едно сосема друго опкружување и друго раководство. Останува да бидеме трпеливи и да го почекаме конечниот извештај на инспекцијата и да се постапи и тогаш ќе дадеме официјално известување за исходот од целата оваа состојба – рече Биљана Ангелова ректор на УКИМ.

Анѓелова посочи дека ќе се испита и состојбата на студентите кои се запишале на едногодишни магистерски и во изминатите три години.Агенцијата за квалитет во високото образование од формирањето до пред осум месеци не направила ниедна евалуација. Само во изминатите осум месеци се направени голем број евалуации со кои се утврдени неправилности.