Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Се бара решение за спречување на одливот на лекари

Ако нема доктори – нема јавно здравство.Македонија секоја година губи по 250…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако нема доктори – нема јавно здравство.Македонија секоја година губи по 250 лекари кои заминуваат во странство открива претседателот на македонското лекарско друштво.Според него одливот на кадар е загрижувачки. Недостигот од современа опрема, ниските плати, работното оптоварување и ограничените можности за професионален развој се клучните фактори кои придонесуваат за егзодусот на лекари, укажуваат експертите. Одливот на медицински кадар посебно се чувствува во внатрешноста на државата.

„Низ годините бројката на лекари варирала, можам да ви кажам еден пресек, од минатиот век до сега. Бројката која била на почетокот на 20. век од 60-тина лекари, која нараснала во 1990-тите на 18 илјади, сега се движи меѓу 6 и 7 илјади лекари, кои се медицински доктори. Тука не ги вбројуваме фармацевтите, стоматолозите“, рече д-р Димитров.

Според најдобриот медицински студент во земјава, да се спречи одливот на лекари треба да се подбрат условите за работа но и да се зголемат платите на здравствените работници.

Реклама

Контра докторите – заменичката министерка за здравство не уверува дека македонското здравство не е во толку лоша ситуација.

„Изминатиот период Министерството за здравство посветено работи на реализација на приоритетите во здравството, нови инвестиции во медицинска опрема, подобрување на инфраструктурните услови во јавните здравствени установи, а паралелно и за зајакнување и доусовршување на кадарот, што претставува еден од столбовите на секој здравствен систем“, рече Манолева.

Шефицата на СЗО во Македонија, проблемите во здравството ги гледа во големите трошоци за здравствни услуги но и за лекови кои граѓаните ги плаќаат од свој џеб.

„Покриеноста на здравственото осигурување е речиси целосна, работиме исто така, бидејќи сѐ уште има простор за подобрување , треба да се намалат трошоците што луѓето од својот џеб ги плаќаат за здравствени услуги. Особено работиме на унапредување на примарното здравство, соработуваме и со други земји, конкретно со Словенија, на проект за зајакнување на сестринството, оти тие би можеле да даваат поширок спектар на услуги од тој што го даваат сега“, рече Јохансен.

Дека незадволството во здравствениот систем е големо доказ се и најавените протести. Синдикатот на клинички  в понеделник излегува на протест пред Mинистерството за здравство ќе го искажат револтот против властите за кои како што велат изминатите години успеале да го доведат јавното здравство во колапс.

Заедно со Синдикатот на Клинички во понеделник пред министерството ќе излезат и членовите на Самостојниот синдикат за здравство при ССМ.

Ања Лукарова