Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Прилози

Се бара решение за проблемот со недостиг на кадар во градинките

Градинките кубурат со кадар, а досегашните властите без слух за нивните проблеми.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градинките кубурат со кадар, а досегашните властите без слух за нивните проблеми. Стари негувателки заминувале во пензија, а решенија да се примат нови не се потпишувале. Општините се жалеле  до претходната министерка за труд и социјала Јована Тренчевска  и биле испраќани согласности да се примат нови, но иако оттаму требало да стигне одобрение, тие не добивале никаков одговор.

Техничкиот министер Велковски ја посочи Тренчовска како главен виновник зошто не нашла соодветно решение за недостигот на кадар.

За жал во изминатите години Социјал Демократскиот Сојуз и ДУИ не нашле решение и овие луѓе кои што заминуваат од своите работни места по природен пат да бидат заменети со нови, односно по барањето за согласност од многу општини од Македонија, бидејќи ова е жалба која што стигна од многу општини, е дека согласностите кои што се доставувале до Министерството за труд и социјална политика, а потоа биле препраќани до Министерството за финансии, или во најголем дел биле негативни, или за истите не добиле одговор“, рече техничкиот министер за труд и социјална политика.

Реклама

Градоначалникот на Бутел Дарко Костовски, се сомнева дека станува збор за синхронизирана игра на Тренчовска и министерот за финансии Бесими. 

Иако неколку пати алармиравме, властите немаа слух за овој проблем, бидејќи во моментов имаме 28 согласности за пензионирање, кои што буквално ни се заглавени во лавиринтите, претпоставувам во некаква соработка помеѓу поранешната министерка за труд и социјална политика Тренчовска и министерот за финансии, со што се надевам, министерот би го замолил да даде подетален осврт за што станува збор, но јас сум сигурен дека станува збор за синхронизирана игра, но не би сакал да верувам дека станува збор за политички поени, кои што се прават со деца од прешколска возраст“, рече градоначалникот Костовски.

Иако до министерството стигнале голем број согласности од општините, и истите се препраќале и до министерството за Финансии, во најголем број, општините добивале негативен или не добивале никаков одговор.  

Инаку техничкиот министер Велковски и градоначалникот Костовски извршија увид  во градежните работи  на градинката  до основното училиште „Климент Охридски“ која треба да биде отворена во септември и  треба да згрижи 120 деца. Костовски рече дека е распишан тендер за уште една нова градинка во Бутел 2 и дека со тоа очекува целосно да се реши проблемот со згрижување на деца во предучилишна возраст.

Љубиша Владимиров