Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Се бара клуч за европската врата пред доаѓањето на Фон дер Лаејн во Скопје

Брисел е на поег. Македонија стави разумен предлог на маса за надминување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Брисел е на поег. Македонија стави разумен предлог на маса за надминување на спорот со Софија. Ако европските бирократи ја притиснат Бугарија, тогаш може да се очекува некаов исчекор во решавање на билатералниот проблем. Дипломатите оценуваат дека ЕУ може да пресече и да ја забрза динамиката на процесот.

  • „Дијалогот има вистинска вредност само кога носи кон решение кое носи сигурност, кое носи предвидливост и перспектива на граѓаните. Затоа вклучувањето на ЕУ во разговорите со Софија може да биде многу важен чекоркон обновувањето на довербата, но може да биде и гаранција дека процесот ќе се води во европски дух “ вели Василка Попоска Треневска – Поранешен дипломат, професор.

Македонскат влада инсистира  преку дијалог во кој ќе биде вклучен и Брисел и со јасно дефинирани гаранции да се дојде до прифатливо решение за двете страни, кое притоа нема да задира во македонскиот идентитет. За тоа поддшка Македонија бара од сите партнери. Посетата на САД премиерот Мицкоски ја искористи отворено и јасно да зборува за идејата за европско посредништво во разговорите со Бугарија и за македонските аргументи.

  • „Нашата идеја, кога велиме да се вклучи и Европската Унија, е со цел да ги слушнат и нашите аргументи и аргументите на другата страна. Јас знам која е загриженоста на официјална Софија. Тие велат: „ако ние седнеме во присуство на трет партнер, тоа значи дека навистина имаме билатерален спор“. И навистина ние имаме билатерален спор. Ние можеме да измислуваме, да се правиме дека немаме, ние во суштина навистина имаме билатерален спор којшто е сега на својот почеток. И додека е на почеток, јас тоа го кажав и во мојот говор вчера, ние треба да водиме дијалог и токму поради тоа ни се потребни претставници на мултилатерални организации, во случајов Европската Унија, за да ги слушнат аргументите“ – нагласи Мицкоски.

Ваквиот предлог на македонската влада го поздрави и известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц. Според него треба да се искористи и Ирска – земја што во моментов претседава со Унијата.

Реклама
  • „ Апсолутно да, многу ја поздравувам оваа најава од премиерот Мицкоски, бидејќи ова е токму тоа што ни е потребно да го направиме. Потребно ни е двете страни да седнат и да разговараат меѓу себе и ЕУ е среќна и подготвена да го поддржи овој вид на дијалог. Двете страни треба да се согласат на тоа. Колку што знам тоа се уште се нема случено, но да се обидеме и исто така можеме да ја искористиме Ирската влада, ирската амбасада, исто така може да се искористи австриското МНР да помогне да имаме таков состанок и да ни помогне да го поддржиме тој дијалог, бидејќи ова е токму тоа што ни треба“ рече Вајц во интервју за „Вечер“.

Бугарското МНР веќе одговори дека се подготвени за дијалог, но не прицизира дали на иста маса прифаќа да има столче и за претставник од Брисел.

Предлозите од македонска страна за надминување на проблемот со Софија доаѓаат во пресрет на посетата на претседателката Урсула Фон дер Лајен која следната недела тргнува на турнеја низ Западен Балкан. Во Скопје директно од државниот врв ќе слушне за идејата за европско посредништво во разговорите меѓу соседите.