Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

СДСМ во внатрешна криза: оставки и тензии по изборот на новото раководство

Уште неседнати во фотелјите, се соочија со сериозен отпор од партиските структури…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уште неседнати во фотелјите, се соочија со сериозен отпор од партиските структури на речиси сите нивоа. Незадоволството од потезите, особено од кадровските политики на Венко Филипче изби на површина.

СДСМ наместо најавената стабилизација се соочува со внатрешни поделби и тензии.

За кратко време, од терен пристигнаа оставки од функционери кои на последните локални избори беа директно вклучени во трката – еден како редок победник, другиот како кандидат што ја носеше партиската кампања до крај.

Реклама

Оставка од претседател на Општинската организација на СДСМ во Крива Паланка поднесе актуелниот градоначалник Сашко Митевски – еден од малкуте кадри на СДСМ што успеа да извојува победа на локалните избори. Во оставката адресирана до партискиот врв, Митевски, пренесуваат медиумите наведува дека одлуката е неотповиклива и дека, воден од вредностите што партијата ги застапува, ваквиот чекор го смета за најкоректен. Ова е веќе втора оставка по изборот на новото раководство.

Неколку дена претходно, функцијата претседател на Општинската организација на СДСМ во Битола ја напушти и Методија Куновски – кандидатот за градоначалник на последните локални избори, кој иако ја изгуби трката, остана дел од партиската структура сè до изборот на новиот тим.

Алфа побара коментар од партиската портпаролка, но Богданка Кузеска само рече дека треба да ги провери овие информации, до почетокот на вестите дополнителен одговор и објаснување нема.

Тензичната атмосфера, во меѓувреме, се префрли и на централно ниво. Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, јавно го покажа своето незадоволство.

„Македонското законодавство познава убиство од небрежност. Познава и убиство со умисла, но не познава само убиство со умисла. Или тешка ви е одговорноста? Или ви тежи договорот? Или си СДСМ или си тезгарош. Прашањата ќе ги поставиме после празниците.“

Шилегов побара и оставка од Филипче.

Реакцијата од лидерот на социјал-демократите не изостана. Венко Филипче, преку социјалните мрежи, оцени дека станува збор за координиран обид за внесување немир во партијата.

„Вчера се обидоа и преку еден наш член да ѝ нанесат штета на партијата. Не мене лично, туку на целата партија и на сите нејзини членови. За помалку од половина час сите медиуми блиски до власта синхронизирано објавија. Тие пронајдоа еден од нас, послаб, и ги искористија неговите приватни проблеми за одвнатре да внесат немир во нашите редови. Ние го разбираме и нема да се пресметуваме со него. До него е да одлучи која страна ќе ја избере., напиша Филипче.

Дека на Бихаќка врие , покажува и фактот што сè погласно се зборува дека дел од решенијата за спас на СДСМ се туркаат за „по парламентарните избори“. Во партиските кулоари како можен иден фактор се споменува поранешниот потпретседател Игор Ивановски – човек што ги преживеа сите фази во партијата и беше дел од победничкиот тим на Горан Герасимовски во Општина Центар. Заедно со поранешниот генерален секретар Андреј Петров, според шпекулации, се разгледуваат иницијативи за промени – но дури по парламентарните избори.