Реклама
Прилози

СДСМ стана главен извор на лажни вести- останува уште Венко да го демантира Филипче

Мигранти, избори, застој во реформската агенда – СДСМ како да се претвори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мигранти, избори, застој во реформската агенда – СДСМ како да се претвори во центар за креирање на лажни вести. Нема некоја поголема афера која не добила силен демант. Последната од низата е најскандалозна – демантот пристигна од никој друг, туку директно до Еропската Унија.

-Се работи за целосно различни програми, сите земји во регионот ниту имаат ист капацитет, ниту исто сработуваат, ако ние имаме простор да заработиме на 200 милиони евра да добиеме од ЕУ, а сме добиле само 60, воопшто не е битно дали некоја друга земја има повеќе или помалку од нас, ете тоа е суштината, ете тоа е суштината на пропагандата и лажните вести, кажа Филипче пред пет дена.

А која е реалноста- Европската Комисија испрати една од најпозитивните пораки за Македонија во последните години, оценувајќи дека земјата покажува сериозен напредок во спроведувањето на реформите, поврзани со европскиот план за раст за Западен Балкан. Таа практично е издвоена како еден од најподготвените партнери во регионот кога станува збор за исполнување на реформските обврски и користење на европските фондови, за што се одобрени и 65,7 милиони евра. А не е само Европската Унија. Сличен демант добија и од Велика Британија – темата мигранти – за која СДСМ тврдеше дека во мај ќе имало огромен бран.

Реклама

-Дали ќе гледаме центри за мигранти насекаде низ државава, во сите општини и во сите градови? Дали ќе дозволиме т.н. патриоти од ВМРО-ДПМНЕ да ја претворат Македонија во мека за мигранти, додека исто така од странски медиуми дознаваме дека околните земји овој предлог експлицитно го одбиле, изјави Филипче 9-ти декември 2025-та.

Мај дојде и замина, од мингрантите ништо. СДСМ говореше дека постоел некаков договор, што беше демантирано од британскиот амбасадор Метју Лосон, кој кажа дека немало никаков договор за примање на мигранти за пари. И не се само мигрантите. Никаде ги нема ни предвремените избори кои за оваа пролет ги најавуваше Филипле.

-Мицкоски е во тесно, му се брза и бара алиби за распишување на предвремени избори. Ова што се случува е сценарио кое што е сместено уште лани, кое јас и СДСМ го разоткривме и јавно го говориме повеќе од два месеци, предвремени избори, па мигранти за пари, изјави Филипче на осми јануари годинава.

Пролетта помина изборите ги нема и се поизвесно е дека ти ќе бидат редовни во 2028-мата. И не се само демантите. Филипче како да има проблем и со реалноста и тоа на најболната точка- Бугарија. освен што како папагал повторува Бугари во Устав, тој отиде понатаму и тврдеше дека софија не го негитра македонскиот иденетиот.

-Ние никаде од Бугарија не сме слушнале дека го негира нашиот идентитет, ниту пак нешто е направено во време на владите на СДСМ со цел и резултат да се загрози нашиот национален идентитет. Ние имаме една работа и се знае кој е патот напред и што треба да се направи, со цел вистински да започнат реформите и со цел вистински практично да продолжи патот на евроинтеграции, а тоа се уставните измени, изјави Филипче на четврти мај.

Тезата на Филипче и СДСМ, дека само Бугарите во Устав ќе значат непречен пат на Македонија кон ЕУ, пред неколку години беше демантирана од тогашниот претседател, сега премиер на Бугарија, Румен Радев. Тој кажа дека уставните измени се само една од работите кои Македонија ќе мора да ги исполни, со цел да не добива вета од Софија и во иднина.

Матеја Петровски