Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Циклус теренски посети: Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на работна средба со жителите на Пржино

Во рамките на циклусот теренски посети на сите месни и урбани заедници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамките на циклусот теренски посети на сите месни и урбани заедници во општина Кисела Вода, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска заедно со раководителите на секторите од општинската администрација, вечерва оствари работна средба со жителите на месната заедница Пржино.

Како што соопшти Општина Кисела Вода, на средбата беше направен пресек на досегашните инфраструктурни зафати и реализирани активности во овој дел од општината. Присутните ги поздравија проектите кои веќе се завршени, меѓу кои асфалтирањето на дел од улиците во Пржино во изминатиот период, како и континуираното и редовно одржување на јавната хигиена во населбата.

– По освртот на сработеното, фокусот на дискусијата се насочи кон мапирање на новите приоритети и секојдневните предизвици на населението. Жителите на Пржино посочија повеќе конкретни потреби во делот на сообраќајот и комуналното уредување. Беше побарана интервенција до МВР за регулирање на паркирањето на возилата на улицата „Милан Мијалковиќ“, како и поставување на легнати препреки на истата. Дополнително, граѓаните ја истакнаа потребата од решавање на проблемот со фекалната канализација на кракот од улицата „Мариовска 22“, како и интервенција до ЈП „Водовод и канализација“ поради слабиот притисок на вода на „Мариовска 5“ – се посочува во соопштението.

Реклама

На средбата беше побарано и отстранување на нелегално поставените столпчиња на тротоарот на улицата „Караџица“, поврзување на улиците „Полог“ и „Банско“, како и изградба на потпорен ѕид кај спортскиот комплекс „Славија“ помеѓу улиците „Полог“ и „Кочанска“. Меѓу клучните теми беа и решавањето на проблемот со кучињата скитници, барањето за спроведување на еднонасочен сообраќај низ населбата, изградбата на паркинг-простор спроти складиштето „Треска“, како и изградба на нов, современ објект за месната заедница.

Стручните служби на Општина Кисела Вода ги забележаа сите изложени барања и сугестии со цел нивно вметнување во програмите за работа и навремено решавање.

Овој циклус на интензивни теренски посети продолжува и понатаму, со цел да бидат опфатени сите месни и урбани заедници во општината.