Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

СДСМ против ботови или против критики? Партијата ги затвори коментарите на социјалните мрежи

Ако сакате да им пишете на социјалдемократите на Фејсбук, нема да можете.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако сакате да им пишете на социјалдемократите на Фејсбук, нема да можете. СДСМ воведе цензура и забрани на нивните постови и содржина што ја објавува,  да се оставаат коментари. Иако постојано се декларираат како демокртска партија на која најбитна им е слободоумноста и демократијата, сепак кога станува збор за критики кон нив, не е баш така. Од СДСМ обвинуваат дека на социјалните мрежи се води организирана кампања преку лажни профили и ботови против сите што ја критикуваат власта и премиерот Мицкоски.

Според партијата, преку платформи поврзани со српската СНС се шират говор на омраза, навреди и поделби меѓу граѓаните.

СДСМ најавува мерки за ограничување на бот-коментарите на своите официјални профили. Мерката е забрана за коментирање. Нивното чкленство имало каде да им го каже мислењето, но што е со оние кои не се дел од партијата. На ова прашање Кузеска нема одговор.

Реклама

„Секој кој штп сака да каже дека не се согласува има каде да каже. Време е сите да размислиме дали тоа треба да се дозволи и дека со таков говор се поттикнува омраза и насилство, зошто да секој има право на слобода на говор ама секој аслобода на еден човек завршува таму кај што почнува повредата на другиот човек. СДСМ и раководоството е постојано на терен и ние слушаме што ни кажуваат тие и секако може да ве уверам дека тие не се согласуваат со коментарите пшод постовие, влеи Кузеска.

Тие се служат со мерки како цензура, а власта ја обвинуваат за „авторитарниот систем“. Одат дотаму што според нив медиумската мрежа блиска до ВМРО-ДПМНЕ претставувала закана за демократијата и слободата на говор.

Инаку со најбазична проверка на постовите на социјалните мрежи, може да се види дека коментарите всушност се критики од граѓани кои не се согласуваат со политиките на СДСМ и раководството  и отворено и јавно им укажуваат на грешките.