Реклама
Прилози

СДСМ како загубени Германци: Конечно се ставија во улога на опозиција- ама ја утнаа државата

СДСМ како изгубени Германци. Откако се фатија во клинч со медиумите, ловеа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ како изгубени Германци. Откако се фатија во клинч со медиумите, ловеа шпиуни и платеници во своите редови, откриваа нов „српски свет„ во Македонија, сега конечно се ставија во функција на вистинска опозиција – само ја утнаа државата. Влегоа во отворен конфликт со власта во Белград и претседателот Вучиќ. Причина, нивната критика кон Радмила Шекеринска. Но не како македонска, или челн на СДСМ, туку за нејзината улога како замени-генерален секретар на НАТО, институција за која Србите одамна има одбивност. Од нивните напади не беше поштедена ниту спикерката на Српскиот Парламент, Ана Брнабиќ. Според познавачите ваквата реторика воопшто не претставува агенда која Македонија како држава ја засега. Според нив, ова само ја покажува целата загубеност на опозициската партија и дека пропагандата на СДСМ, ја подготвуваат ПР стратези блиски до опозиција во соседна земја.

-Апсолутно нелогично, затоа што влегуваат во битка кај што и нив како политички субјект не им е потребно. Плус влегуваат во една битка со земја која што воопшто не е членка на НАТО и си ги брани на некој начин државни интереси и функционер на европско ниво. Од друга страна ова само ја потврдува онаа теорија и она што веќе долго време се зборува дека всушност добар дел од ПР-от и маркетингот им го тера токму опозициски ПР од Србија, изјави политичкиот аналитичар Александар Ристевски.

Со ваквата кампања СДСМ не може ништо да добие, туку само дополнително да загуби од тоа што веќе и како го загуби во минатите два изборни циклуси. Дополнителен проблем за нив е што народот е свесен дека неколку пати во минатото бил излажан од социјалдемократските челници. Ристевски вели дека кога се ќе се собере, тешко е да се очекува во блиска иднина оваа партија да биде во конкуренција за враќање на власт, туку ќе дојде до сосем обратното, дополнително нивно приближување кон политичкото мочуриште.  

Реклама

-После сите грешки и киксови, после сите апели за промени на структура, промена на реторика, промена на едноставно политичко размислување и агенда која ја имаат, сфаќате дека всушност дека тоа е политики субјект кој што се стреми кон дното, дека уште долго време ќе остане дел од опозицијата. А со ваквата реторика мислам дека ги губи симпатиите и на тоа просрпско население и население со српско етничко потекло, затоа што во основа се меша во внатрешните работи на соседна држава, изјави Ристевски.

Последниов период СДСМ доста често се занимава со Алекандар Вучиќ и владејачката партија во Србија СНС, како и нивната внатрешна политичка состојба. Во последните две соопштенија на оваа тема решија да го критикуваат српскиот претседател дека според нив навредливо се однесувал кон Радмила Шекеринска. А преку друго соопштение со напад кон претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ, решија да порачаат дека СНС не била српскиот народ, ниту Александар Вучиќ бил Србија.

Матеја Петровски