Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Савески и Ивановски на средба за продлабочување на соработката во борбата против финансискиот криминал

Зајакнувањето на меѓуинституционалната соработка во борбата против финансискиот криминал и корупцијата беше во фокусот на средбата на јавниот обвинител Ненад Савески со директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски. Како што информираат од Обвинителството, на средбата било ставено акцент на потребата од подобрување на координацијата и размената на информации меѓу двете институции. Притоа биле […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зајакнувањето на меѓуинституционалната соработка во борбата против финансискиот криминал и корупцијата беше во фокусот на средбата на јавниот обвинител Ненад Савески со директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски.

Како што информираат од Обвинителството, на средбата било ставено акцент на потребата од подобрување на координацијата и размената на информации меѓу двете институции.

Притоа биле разгледани можностите за поефикасно откривање и сузбивање на кривичните дела од областа на финансискиот криминал, со посебен фокус на унапредување на спроведувањето на финансиските истраги.