Реклама
Македонија

Савески ги прими амбасадорите на Франција и Германија

– Плановите и проектите за почетокот на неговиот мандат беа во фокусот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Плановите и проектите за почетокот на неговиот мандат беа во фокусот на средбата на јавниот обвинител на Македонија, Ненад Савески, со амбасадорите на Франција и на Германија во нашата земја, Кристоф Ле Риголер и Петра Дрекслер – соопштуваат од ЈОРСМ. 

– Двајцата високи дипломатски претставници му честитаа на Савески на изборот на високата функција и ветија продолжување на поддршката за јакнење на капацитетите на Обвинителството, при што особено го истакнаа фактот дека правосудството претставува централен фундамент за пристапувањето на државата кон Европската Унија – стои во соопштението од ЈОРСМ. 

Додаваат дека меѓу приоритетите на својот мандат Савески ги навел транспарентноста и дигитализацијата во Јавното обвинителство со конкретни планови како тие активности ќе се реализираат во следниот период.

Реклама

– Исто така, на средбата стана збор и за предизвиците во поглед на независното постапување и одлучување од страна на јавните обвинители и јакнење на финансиските капацитети на јавното обвинителство – дополнуваат од ЈОРСМ.