Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Економија

Сарафимов: Есенската сеидба на пченица и јачмен се очекува да започне за 10 до 15 дена

За десет до 15 дена на македонските ниви треба да започне есенската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За десет до 15 дена на македонските ниви треба да започне есенската сеидба на житните култури. Потпретседателот на Асоцијација на земјоделци, Гоце Сарафимов вели дека токму врнежите од дожд се добредојдени за земјоделците, бидејќи значат бериќет и се надеваат на подобра година. Посочува дека токму поради ова по новата сеидба на јачменот и пченицата се надеваат дека наредната година ќе имаат подобар квалитет и поголем род.

-Овие дождови се добредојдени, бериќет што се вели. Има низ цела држава, а во штипско дожд има околу 60 литри. Што значи дека за неколку дена и тие ниви што не се изорани ќе се изораат и ќе почне за петнаесеттина  дена со сеидбата, изјави Сарафимов.

Според него дополнителна надеж влева средбата на земјоделците со претставници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде се дефинирани новитети околу субвенционирањето. Серафимов вели дека цената е делумно задоволителна за земјоделците, но се надева дека со овие измени ќе има поголеми површини засеани со пченица и јачмен.