Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик

Правосудниот испит и сите други испити поврзани со него во иднина ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Правосудниот испит и сите други испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик. Ова ќе го покажеме многу скоро пред јавноста – изјави првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали, одговарајќи на пратеничко прашање на Рина Ајдари од Европскиот фронт.

– За првпат централната власт го слушнала гласот на студентите и ќе го реши нивниот проблем еднаш засекогаш, рече Сали. 

Осврнувајќи се на студентските протести, Сали оцени дека тие претставуваат легитимен израз на незадоволство и право на граѓаните, додавајќи дека причините за нив се резултат на нерешени прашања од претходните години. 

Реклама

-Тие не протестираат за Вреди, протестираат за Европскиот фронт и ДУИ која 22 години не постигна ниту една усогласеност на законот за јазиците, рече Сали. 

Во однос на политичките прашања, тој рече дека обединувањето на албанските политички субјекти не треба да се гледа како изненадување, туку како реалност насочена кон заедничко делување во рамки на европската агенда.

– Во врска со европската агенда Вреди секогаш истакнувал дека нејзината политичка ориентација е интегрирање во Европската унија и јас како министер за европски прашања, сум целосно посветен на исполнувањето на оваа агенда. Јавноста гледа дека Министерството за европски прашања за првпат работи со ваква динамика во спроведување на реформите. Имаме добри резултати, кои покажуваат дека сме добро во Западен Балкан – истакна Сали.

Тој нагласи дека, според него, институциите во моментов работат со засилен интензитет во реализирањето на реформите, што, како што рече, како резултат на тоа, очекуваме и нови пакети финансиска поддршка директно од Европската комисија, што значи дека ги исполнуваме нашите обврски.