Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Сали на седницата на КСА: Посветени сме на реформите и постепената интеграција во Единствениот пазар на ЕУ

Министерот за европски прашања и прв заменик претседател на Владата, Беким Сали,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за европски прашања и прв заменик претседател на Владата, Беким Сали, учествуваше на седницата на Комитетот за стабилизација и асоцијација (КСА), со која претседаваше заменик министерот за европски прашања, Викторија Трајков, на која беше направен пресек на постигнатиот напредок во европската интеграција и беа утврдени приоритетите за наредниот период.

На состанокот, како што соопшти Министерството за европски прашања, била потврдена посветеноста на Владата на сигурен напредок на европскиот пат, со фокус на испорака на конкретни реформски резултати, особено во областа на владеењето на правото, јавната администрација и функционирањето на демократските институции.

Во тој контекст, било нагласено дека постепената интеграција во Единствениот пазар на ЕУ веќе носи опипливи придобивки за граѓаните и бизнисите. Иницијативи како СЕПА, WiFi4WB, како и претстојните проекти во областа на роамингот и индустриската усогласеност, придонесуваат за намалување на трошоците, подобра поврзаност и отворање нови можности за компаниите и младите.

Реклама

Овие чекори, како што било истакнато, покажуваат дека европската интеграција не е само долгорочна политичка цел, туку процес што веќе носи конкретни придобивки во секојдневниот живот на граѓаните.

-Македонија останува фокусирана на реформите, зајакнувањето на институциите и сигурниот напредок кон полноправно членство во Европската Унија, се наведува во соопштението од Министерството за европски прашања.