Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Сали на билатерални средби со европски и регионални партнери за соработка и европска интеграција

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали информираше дека во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали информираше дека во рамки на 11. ЕУСАИР форум и министерскиот состанок на Јадранско-јонската иницијатива (AII), остварил серија значајни билатерални средби со европски и регионални партнери, фокусирани на регионалната соработка и процесот на европска интеграција.

– За време на средбата со италијанскиот министер за кохезија и европски политики, Томазо Фоти, разговаравме за континуитетот на приоритетите и заедничките заложби во рамки на претстојното италијанско претседателство, со фокус на зајакнување на регионалната соработка и одржливиот развој во Јадранско-јонскиот регион – напиша Сали на Фејсбук.

На средбата со заменик генералниот директор на DG REGIO, Хуго Собрал, било разговарано за значењето на кохезиските политики и европските програми во поддршка на земјите од Западен Балкан, како и за конкретните начини преку кои овие механизми можат да придонесат за забрзување на процесот на европска интеграција на Македонија.

Реклама

– Исто така, на средбата со Владимир Дробњак, разменивме мислења за предизвиците и следните чекори во преговарачкиот процес со Европската Унија, при што беше нагласено значењето на неговата експертиза и искуство во поддршка на реформите и унапредувањето на европската интеграција на земјата – истакна Сали.