Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Сали: Европската интеграција мора да биде праведна, инклузивна и еднаква за сите

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, се обрати на националната консултација „Од обврски до акција: Родово-одговорен патоказ за пристапување кон Европската Унија“, организирана од Министерството за европски прашања во соработка со канцеларијата на UN Women во Македонија.

Во своето обраќање, министерот Сали истакна дека процесот на европска интеграција не е само техничко усогласување со законодавството на ЕУ, туку суштинска општествена трансформација, во која родовата еднаквост претставува клучен показател за квалитетот на демократијата.

-Европската Унија е заедница на вредности, а еднаквоста е една од нејзините темелни вредности. Затоа, родовата перспектива мора да биде интегрирана во сите политики, реформи и институционални процеси- нагласи Сали.

Реклама

Тој потенцираше дека и покрај постигнатиот напредок, остануваат предизвици во надминувањето на структурните нееднаквости, јакнењето на институционалните капацитети и подобрувањето на меѓуинституционалната координација.

Министерот Сали повика на заедничка одговорност на сите институции, истакнувајќи дека европската интеграција се мери не само преку донесени закони, туку преку реалното влијание врз животот на граѓаните.

-Нашата амбиција е да изградиме патоказ кој ќе биде применлив, мерлив и насочен кон конкретни резултати. Ова не е само подготовка на стратешки документ – ова е поставување на нов стандард во креирањето политики- истакна Сали.

Настанот претставува важен чекор во развојот на Родово-одговорниот патоказ за пристапување на Македонија кон ЕУ во соработка со UN Women, кој има за цел системска интеграција на принципите на родова еднаквост во процесот на европска интеграција.