Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Саем на образование и кариера на 27 и 28 февруари

Третото издание на Саемот на образование и кариера ќе се одржи в…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Третото издание на Саемот на образование и кариера ќе се одржи в петок и в сабота на вториот кат на ТЦ „Скопје сити мол“ во организација на студентската и младинската информативна платформа „Студентарија“. Во двата дена настанот ќе биде отворен од 11 до 16 часот, со бесплатен влез за сите заинтересирани.

Организаторот соопшти дека саемот ги поврзува младите со образовните институции и компаниите нудејќи им можност на едно место да ги истражат своите академски и професионални перспективи. Настанот е наменет, пред сè, за средношколците матуранти, кои треба да одлучат каде да го продолжат образованието, како и за студенти што размислуваат за продолжување на студиите, специјализација, преквалификација или се во потрага по пракса и можности за вработување.

– Главната цел на саемот е младите да донесат информирана одлука за својата иднина, но и да се промовираат можностите што ги нудат домашното високо образование и кариерниот развој во земјата. Оваа година учеството го потврдија 12 универзитети со над 100 факултети од Македонија, академии за дигитални вештини и современи професии, како и голем број компании, кои ќе понудат информации за пракса, работа и професионален напредок – соопшти организаторот. 

Реклама

Посетителите на саемот ќе имаат можност директно да разговараат со претставници на факултетите, да се информираат за студиските програми, уписните рокови, стипендиите и студентскиот живот и да присуствуваат на панел-дискусии и работилници поврзани со кариерно советување и развој на вештини потребни на современиот пазар на труд.

– Дел од програмата ќе биде и родителското катче, наменето за родителите и старателите, со цел и тие да добијат релевантни информации и насоки како да ги поддржат младите во оваа важна животна фаза – се наведува во соопштението.