Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

САД ги бележи корумпираните, но што прават судството и обвинителството – 8 предмети против Мерко без завршница

По серијата скандали, кривични пријави и обвиненија кои се редат против струшкиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По серијата скандали, кривични пријави и обвиненија кои се редат против струшкиот градоначалник Рамиз Мерконема судска разрешница за ниту едно од 8-те предмети кои во моментов се водат против него. Тој е првиот функционер од ДУИ, кој пред година и пол беше ставен на црната листа на САД поради корупција и мешање во судски процеси.Вицепремиерот Николоски неодма јавно го повика обвинителството да се фати за работа да ги процесуира сите премети кои се водат против Мерко како и кривичните пријави и за останатите фунционери кои самиот ги поднел до обвинителството.

”Го повикувам Јавното обвинителство да постапи. Досега како министер имам повеќе од 15 предмети испратено до Јавното обвинителство.Со  Струга веќе има активни истраги и треба да си ги заврши Јавното обвинителство и се надевам да одат на суд и да бидат осудени тие кои што прават криминал“-рече вицепремиерот Николоски

Во меѓувреме Мерко кој 16 години е градоначалник, планира да ја појача прекубројната општинска администација со 73 нови вработувања во изборната 2025-та година и со тоа бројот на вработени да го зголеми на 280.Планот за вработувања го протна со гласовите на советниците од ДУИ и СДСМ. Опозицијата во Советот смета дека ова е најава за неговиот 5-ти градоначалнички мандат по кој ќе трча.

Реклама

 “Ваквата диспропорција на бројката на луѓе што заминуваат во пензија со предвидените вработувања е засновата на политичка одлука и нелогична.Со новите вработувања цениме дека ќе се зголеми јавниот долг на Општина Струга”-вели Љуљзим Насуфи од Алијанса на албанците

И додека ги чека следните судски рочишта кои е неизвесно кога ќе се одржат, Мерко мува не го лази-се занимава со новогодишно украсување на градот. Инаку се водат 8 обвиненија и тоа за незаконско поставување на директори во основни училишта, за  набавка на луксузното возило ауди А6 купено за сума од 67.000 евра.Тој е трето обвинет и во случајот со бесправно градење на објект во еден струшки хотел.

Градоначалничката функција е дефиниран во Член 54 од законот за локална самоуправа во кој стои дека мандатот на градоначаникот му престанува по сила на закон меѓудрогото и ако е осуден со прасилна пресуда за кривично дело на казна затвор во траење од над 6 месеци.

Росица Голабоска