Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Прилози

Сѐ повеќе странци заинтересирани да купат стан или куќа во Охрид

Охрид кој е меѓу само 28-те места во целиот свет кои се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Охрид кој е меѓу само 28-те места во целиот свет кои се на листата на УНЕСКО поради природните и културни богатства и кој се вброи меѓу 30-те најубави мали градови во Европа,никого не остава рамнодушен. Странците кои доаѓаат без речиси никакви предзнаења за нашата туристичка мека, веќе се воодушевени од него до таа мера што се’  погласно размислуваат да се преселат и остатокот од својот живот да го поминат во тивкиот, спокоен Охрид.

Тања Скепароска-туристички водич:”Никој си нема заминато од овде без добри, воодушевувачки впечатоци, секој го сака.Ме прашуваат колку изнесува квадратен метар за да купат за во пензија да дојдат овде да се преселат да живеат.Кои се најголреми трошаџии, кои не внимаваат колку ќе потрошат? Тие се многу ретки верувате ама ги има сепак тоа се од соседните земји од српските гости”-вели Тања Скепароска-туристички водич

Најсреќните луѓе во светот, скандинавците се најљубопитни, зачудувачки ги интересира се’ за постоењето на античкиот град Лихнидос.Фотографирањето пак е пасија на највеселите турсти, азијците.Заедничко на сите им е тоа што сакаат убава традиционална македонска храна и старогратска музика,раскажуваат туристичките водичи. Никој велат не се фаќа за џебот, уживаат колку што им е длабоко ќесето.Уживаат во долгите прошетки по чаршијата, кејот, обиколувајќи го стариот дел на градот,вдишувајќи ја убавината на големото плаветнило.

Реклама

Јас од Грција и по втор пат доаѓам во Охрид, за жал само на еден ден. Mногу e убаво,но мислам дека е малку скапо.Цените се можеби како и во Грција;Охрид е евтин за разлика од други дестринации, овде туристите се и најадени и напиени за сите пари.Затоа и го сакаат Охрид, од овој месец секоја недела ќе имаме тури со турски туристи;-Доѓам од Велс и за прв пат се сретнувам со оваа убавина.Ми годи сончевото време,мирното езеро,така што непланирано ќе останам 4 дена

Првомајски, паразникот го раздвижи нашиот најголем туристички центар, донесувајќи гости од целиот свет. Туристичките работници веруваат дека деновиве се само најава за долго и бериќетно лето со целосна исполнетост на капацитетите.

Цените не мислам дека се повисоки од лани и цените мислам дека се приступачни.Мислам дека имаме малку хотели. Колку и да се изградат ево еден повик до Владата да може да се изградат хотели. Секогаш сите би биле полни само да знаете”-вели Љупчо Јузмески-туристички водич

Празничниот ден исполнет со многу сонце и добро расположение ги наполни терасите, кафулињата.Секој наоѓа забава за себе,која во Охрид и тоа како ја има. Охрид не обврза секоја година да доаѓаме и не само тоа, си ветивме дека ќе доаѓаме побројни-да се дружиме со вас, да се спријателиме-велат нашите соговорници.