Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Рускоска ќе стане новата Јанева- бомбите и обвинителите од СЈО заминуваат во нејзиното Обвинителство

Бомбите на Заев и обвинителите на Јанева заминуваат кај Вилма Рускоска во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бомбите на Заев и обвинителите на Јанева заминуваат кај Вилма Рускоска во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Ова е предвидено во предлог законот на Министерството за правда. Практично, обвинителството на Рускоска ќе биде новото СЈО, бидејќи не е предвидено формирање на претходно од власта бараното Обвинителство за гонење висока корупција.

-Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги презема надлежностите од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, согласно Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, се вели во член 108 став 3 од Предлог законот за Јавно обвинителство.

Наместо обвинетата во „Рекет“ Катица Јанева, нов шеф на поранешните специјални обвинители ќе биде Рускоска. Во предлог законот предвидено е нивен трансфер во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Со ова практично се прифаќа барањето Рускоска да биде „главна“, нешто, со што не се согласуваше опозицијата.

Реклама

-Јавните обвинители во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, кои постапувале по предметите од надлежност на ова јавно обвинителство, продолжуваат да постапуваат по тие предмети кои се предадени на јавното обвинителство на Република Северна Македонија, се вели во член 109 став 4 од Предлог законот за Јавно обвинителство.

Инаку, СЈО се уште само официјално е живо, а доколку биде прифатен амандманот со кој парите предвидени за ова Обвинителство се пренаменат за изборите закажани во април, тогаш и официјално ќе згасне. Вработените во СЈО бараат повлекување на овој амандман и велат дека со загриженост и неверување ја примиле ваквата вест.

Матеја Петровски