Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Рудник Саса го одбележа Светскиот ден на животната средина со иницијатива за биодиверзитет и климатска акција

Рудник Саса и оваа година го одбележа 5 Јуни – Светскиот ден на животната средина (World Environment Day 2026), реализирајќи нова едукативна и еколошка иницијатива под мотото „Пријатели на биодиверзитетот – Чувари на природата и климата“ (#3BBuddies; #BeesBugsBirdsGuardians; #SasaForNature; #WorldEnvironmentDay). Настанот како што информираат во своето соопштение до јавноста е насочена кон подигнување на јавната […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рудник Саса и оваа година го одбележа 5 Јуни – Светскиот ден на животната средина (World Environment Day 2026), реализирајќи нова едукативна и еколошка иницијатива под мотото „Пријатели на биодиверзитетот – Чувари на природата и климата“ (#3BBuddies; #BeesBugsBirdsGuardians; #SasaForNature; #WorldEnvironmentDay). Настанот како што информираат во своето соопштение до јавноста е насочена кон подигнување на јавната свест за значењето на биолошката разновидност, зачувувањето на природата и потребата од климатска акција. 

Со оваа иницијатива, рудникот Саса и официјално се приклучи кон глобалното одбележување на Светскиот ден на животната средина, во рамки на кое годинава се организираат над 2200 настани ширум светот посветени на заштитата на животната средина и климатската акција.

Иницијативата, која се реализираше во партнерство со ЈП „Национални шуми“ и СОУ „Миле Јаневски Џингар“ од Македонска Каменица, имаше за цел преку практични активности и едукација да ги вклучи младите во заштитата на природните вредности на Осоговските Планини, чии делови се прогласени за заштитено подрачје.

Реклама

-Во рамки на проектот, ученици од средното училиште, заедно со тимот за заштита на животна средина и претставници од програмите за стручно образование од Рудник Саса, изработија куќички за птици и засолништа (т.н. „хотели“) за корисни инсекти и диви пчели, користејќи природни и реупотребливи материјали, информираа од Рудник Саса.

На Светскиот ден на животната средина, за учениците беше организирана настава во природа во шумско подрачје на Осоговските Планини.

-На овој час во природа, претставниците од тимот за животна средина на Саса, нивниот професор по биологија и претставниците од ЈП „Национални шуми“ ги запознаа учениците со значењето на Светскиот ден на животната средина, климатските предизвици, потребата од климатска акција и важноста на зачувувањето на биодиверзитетот. Учениците имаа можност да се запознаат со природните вредности на Осоговските Планини, специфичните растителни и животински видови, значајните живеалишта и уникатната поврзаност помеѓу човекот и природата во овој предел, додадоа од Рудник Саса.

Активностите завршија со поставување на претходно изработените куќички за птици и засолништа за инсекти и диви пчели на соодветни локации во шумското подрачје, определени од страна на претставниците на ЈП „Национални шуми“.

-Веруваме дека заштитата на животната средина започнува со едукација, личен пример и активно вклучување на младите. Преку вакви иницијативи сакаме да поттикнеме поголема свест за поврзаноста помеѓу биодиверзитетот, климатските промени и одговорното управување со природните ресурси“, велат од Рудник Саса.

Оттаму посочуваат дека оваа иницијатива е само една од многуте активности што рудникот континуирано ги реализира со цел унапредување на еколошката свест, поддршка на локалната заедница и промовирање на заедничка одговорност за заштита на животната средина.

Во последните неколку години, во Рудник Саса се инвестирани повеќе од 100 милиони американски долари за модернизација на работењето на рудникот, вклучувајќи и капитални развојни проекти. 

Овие инвестиции овозможија Рудник Саса да работи поефикасно, побезбедно и поодговорно кон животната средина, преку структуриран систем за заштита на животната средина согласно законските барања, најдобрите достапни техники и најсовремените меѓународни стандарди во рударската индустрија.