Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

РСБСП почна кампања за поддршка на системот „Безбеден град“ за поголема сообраќајна безбедност

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), во соработка со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), во соработка со Министерството за внатрешни работи, општинските совети за безбедност на сообраќајот и други партнери, ја започна сообраќајно-превентивната кампања „Безбеден град – за безбедни учесници во сообраќајот“, насочена кон информирање и едукација на граѓаните за функционирањето на системот „Безбеден град“.

Како што соопшти РСБСП, кампањата има за цел да ги запознае сите учесници во сообраќајот, а особено возачите на моторни возила, со начинот на работа на системот, неговата улога во откривањето и санкционирањето на сообраќајните прекршоци, како и со правата и обврските на лицата чии прекршоци ќе бидат евидентирани со технички средства и уреди за снимање.

Од РСБСП посочуваат дека системот „Безбеден град“ претставува значаен чекор кон помодерен, поефикасен и пообјективен начин на контрола на сообраќајот, при што примената на современа технологија ќе овозможи навремено откривање на однесувања што ја загрозуваат безбедноста на патиштата.

Реклама

Системот ќе овозможува регистрирање на повеќе видови прекршоци, меѓу кои пречекорување на дозволената брзина, поминување на црвено светло, управување возило со истечена сообраќајна дозвола и непрописно паркирање, а во иднина е предвидено неговите можности дополнително да се прошируваат.

Според РСБСП, примената на системот ќе придонесе за поголема објективност и неселективност во постапувањето, како и за намалување на влијанието на човечкиот фактор при утврдувањето и документирањето на прекршоците.

-Целта не е да се санкционираат што е можно поголем број возачи. Целта е да има што помалку прекршоци, што помалку сообраќајни незгоди и што повеќе спасени човечки животи – наведуваат од Советот.

Во рамки на кампањата, посебни активности ќе се реализираат и на граничните премини при влез во државата, каде што возачите, вклучително и оние со странски регистарски таблички, ќе добиваат информативни и едукативни материјали за системот „Безбеден град“, неговата примена и обврската за почитување на сообраќајните правила.

Од РСБСП апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните прописи, знаци и останатите учесници на патиштата, нагласувајќи дека безбедноста не се гради само преку санкции, туку пред сѐ преку одговорно однесување и развивање сообраќајна култура.