Реклама

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Прилози

Законот за оружје во изработка – ќе се земат предвид барањата на засегнатите страни

Електронските услуги во МВР ќе се зголемат, а со тоа ќе се олесни извадавање на дозволите за оружје иако рокот на важноста се крати од 10 на пет години. За година и пол биле решени 15 илјади предмети, што е пет пати повеќе од просекот во изминатите пет години. Во следниот период ќе се воведе […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Електронските услуги во МВР ќе се зголемат, а со тоа ќе се олесни извадавање на дозволите за оружје иако рокот на важноста се крати од 10 на пет години. За година и пол биле решени 15 илјади предмети, што е пет пати повеќе од просекот во изминатите пет години.

Во следниот период ќе се воведе електронско барање за дозвола за оружје за правни и физички лица, а во е-форма ќе биде достапно и потврда за оружје од Д категорија.

Расте интересот од граѓаните за набавка на оружје кои во изминативе години ја изгубиле важноста на дозволата, или три кратко повеќе барања пристигнале во МВР, што е доказ дека граѓаните ја согладуваат разликата во брзо решавање на предметите вели помошник министер Јован Алтанџиев.

Реклама
  • Минатата година,2025 година, имаме рекорден број на продолжени дозволи за оружје. Тоа пред се, се должи на делуманата дегитализација која ја направи министерството, потоа поврзување на евиденциите на министерството со судовите. Граѓаните знаат дека многу предмети од минатото беа заглавени поради неажурност и на судската власт во државата. Понатаму планираме поврзување и со здравствените власти, со цел лекарските уверенија да ги добиваме електронски. Така што паралелно се прават повеќе чекори со цел побрзо и поефикасно постапување на службите од МВР во постапките за продолжување на дозволата за оружје“, изјави Алтанџиев. 

Со законот се отвара можност за сите кои не успеале до сега да си ги продолжат дозволите за оружје или го добиле во наследство, да го легализираат во рок од една година, што досега беше само два месеци.

  • Глобите се одмерени согласно законот за прекршоци. Но секако оружјата не се одзема. Рокот за шест месеци пред истекот на важноста на дозволата, е намерно така поставен – зошто – затоа што постапката за продолжување трае шест месеци и затоа нормирање барањето да се поднесе шест месеци пред истекот на постојната дозола со цел некој да не поднесе ден два пред истекот на дозволата, и во текот на постапката да ја изгуби важноста. Де факто би поседувал оружје на нелегален начин“, изјави Алтанџиев.

Сепак може да има корекции во одредени казни велат од Ловечката федерација на Македонија. Тие уште во подготовката ги дале своите забелешки а добар дел од нив биле имплементирани. Како предлог и во законодавниот дом побараа да се зголеми бројот на парчиња оружје кое ги поседува еден човек, односно за ловците тоа да надминува 10 парчиња.

  • Се коси со Уставот и со член еден од Протоколот кој што е ратификуван кон Конвенцијата за заштита на човековите права бидејќи со Уставот сопственоста е загарантирана. Во Македонија има ловци кои што активно ловат, автотони и алохтони видови на дивеч во Македонија и во странство, така да има потреба од повеќе од 10 парчиња оружје“, изјави Алексовски.

Ловџиите реагираа и на рокот на важноста на дозволите, а побарале и да остане замената на оружје по вид.

  • Бараме во оваа фаза, имплементацијата на оваа одредба, пререгистрација на ловечкото оружје да почне да важи од денот кога Македонија ќе влезе во полноправно членство во ЕУ и тогаш нашите граѓани, нашите ловци ќе имаат можност слободно да набавуваат оружје само со лична карта“ рече Влатко Алексовски, Преседател на Ловечката федерација на Македонија

Законот во моментов е во собраниска процедура и трпи промени односно со амандмани ќе се корегираат дадените забелешки.