Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Македонија

Рокас: Зелената економија е мотор што го движи напредокот и поттикнува развој на земјата

Активностите со кои Европската Унија, од различни аспекти, го поддржува подобрувањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Активностите со кои Европската Унија, од различни аспекти, го поддржува подобрувањето на локалната заедница беа дискутирани во рамки на посетата на Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Михалис Рокас на Куманово. Дел од агендата на Шефот на делегацијата на Европската Унија беше средба со градоначалникот на општината, Максим ДимитриевскиМаксим Димитриевски. Рокас, исто така, за низа прашања разговараше и со општинските советници, а во „Занаетчиски дом“ учествуваше на дискусија со граѓаните.

Амбасадорот ја посети и „МИТ груп“, кумановска компанија која што со помош од проектот „ЕУ за економски раст“ придонесува во земјава да се имплементира принципот на циркуларна економија.

„Клучен елемент на Европскиот Зелен Договор е токму транзицијата кон циркуларна економија. Навистина е одлично што гледам дека оваа значајна идеја донесена на ниво на Европската Унија на одреден начин, се имплементира локално, токму тука во Куманово. Тоа потврдува дека постојат можности за финансиска поддршка, додека компаниите се тие што самите треба да го направат исчекорот и да воведат нови методи на работа кои што ќе го намалат притисокот врз природните ресурси. Зелената економија е мотор што го движи напредокот и го поттикнува развојот, не само на ЕУ, туку и на било која земја која што ги применува овие практики“ – изјави Рокас.

Реклама

Преку споменатиот проект, имплементиран од канцеларијата на ГИЗ во земјава, беа доделени вкупно 4,19 милиони евра. Средствата ги добија 25 микро, мали и средни претпријатија во североисточниот, полошкиот и југозападниот регион, како и во општина Ресен.

Новите машини, што во „МИТ груп“ се обезбедени преку проектот „ЕУ за економски раст“, ја зголемуваат ефикасноста на производството, намалувајќи ја потрошувачката на електрична енергија и штетните гасови. Дополнително, во Куманово е воспоставена и проширена мрежа на неформални собирачи на отпад кои ќе помогнат за 400 тони годишно да се зголеми количеството рециклиран материјал.

Куманово е дел од серијата посети на општините во земјава на кои Шефот на делегацијата на ЕУ се среќава со локалните власти, претставници на граѓански инцијативи, претприемачи и други членови на локалната заедница и со кои дискутира за важните прашања што ја засегаат конкретната заедница. Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, претходно ги посети Битола и Тетово.