Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Рокас: Проблемот со депонијата во Струга е голем, потребно е итно решение

Проблемот со депонијата во Струга е голем, пред се затоа што се наоѓа блиску до градот, реката Црн Дрим и Охридското Езеро и бара итно решение, заклучи евроамбасадорот Михалис Рокас по денешната посета на депонијата заедно со градоначалникот Менди Ќура. Тој изрази загриженост и вети дека ќе разговара со властите за прземање итни мерки. – […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проблемот со депонијата во Струга е голем, пред се затоа што се наоѓа блиску до градот, реката Црн Дрим и Охридското Езеро и бара итно решение, заклучи евроамбасадорот Михалис Рокас по денешната посета на депонијата заедно со градоначалникот Менди Ќура.

Тој изрази загриженост и вети дека ќе разговара со властите за прземање итни мерки.

– Најпрво дозволете ми да кажам дека сум прилично шокиран од големината на проблемот. Знаев дека депонијата не е усогласена со стандардите, но да сфатите дека е толку блиску до градот, на неколку стотини метри од куќите, многу блиску до реката и до водоснабдувањето, а исто така и до езерото, навистина е обесхрабрувачки да се види. И, секако, како Европска Унија, поддржуваме долгорочно решение: регионалниот третман отпад во Новаци. Но, таму има одредени доцнења, така што ова не е итно решение. Но, она што јас ќе го направам е дека ќе разговарам со властите и со градоначалникот за да видиме што можеме да направиме, бидејќи големината на проблемот бара итно решение – изјави Рокас.

Реклама

Градоначалникот Ќура кажа дека состојбата е непроменета и оти ангажирана е фирма која ја одржува депонија и нема да дозволи палење во летниот период.

– Состојбата на депонијата е таква каква што беше и се одржува. Бевме заедно со амбасадорот ја видовме состојбата на терен што дава надеж дека ќе се преземат мерки. Има координативно тело за регионална депонија во Новаци, доделени се средства за реализација на тој проект – изјави Ќура.