Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Рокас: Обврските од 2022 година треба да се спроведат, се надевам на контруктивност од соседите и ЕУ во наредните месеци

Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска изјави дека ЕУ има голема определба земјата да го почне процесот на преговори и дека нема сомнеж оти припаѓаме на европското семејство, но повикувајќи се на неодамнешната изјава на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, дадена во Скопје, рече дека договорените уставни измени од 2022 година треба да бидат спроведени. Сепак, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска изјави дека ЕУ има голема определба земјата да го почне процесот на преговори и дека нема сомнеж оти припаѓаме на европското семејство, но повикувајќи се на неодамнешната изјава на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, дадена во Скопје, рече дека договорените уставни измени од 2022 година треба да бидат спроведени. Сепак, изрази надеж дека „нашите соседи заедно со ЕУ ќе бидат доста контруктивни во наредните денови и месеци“.   

– Како што знаете, претседателот на Европскиот совет беше овде и тој даде изјава и беше доста јасен. Сите знаеме дека заложбите направени во 2022 година треба да бидат спроведени. Со тоа има голема определба Македонија да го почне процесот на преговори и нема сомнеж дека земјата припаѓа на европското семејство. Работиме доста активно со цел неопходните услови да се исполнат и да одиме напред. Најважно е во меѓувреме да имаме доверба и се надевам дека нашите соседи заедно со Европската Унија ќе бидат доста контруктивни во наредните денови и месеци – изјави Рокас.

Zgjerimi i Bashkimit Evropian përbën një nga politikat më të rëndësishme për stabilitetin afatgjatë, sigurinë dhe prosperitetin e të gjithë kontinentin evropian. Vendet e Ballkanit Perëndimor

Шефот на делегацијата на ЕУ во земјата изјавата ја даде за време на паузата на 23. конференција на КОСАП – Конференција на парламентарните комисии за европска интеграција/прашања на земјите учеснички во процесот на стабилизација и асоцијација во Југоисточна Европа – одговарајќи на новинарско прашање дали ЕУ има план Б за земјата имајќи ги предвид ветото од источниот сосед и уставните измени. 

Реклама

Рокас оцени дека главната порака на оваа конференција беше пораката за заедништво дотолку повеќе што таа се одржува истовремено со самитот на Западен Балкан во Тиват, од каде што има големи очекувања, особено имајќи го предвид заедничкото писмо од францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Мерц во однос на тоа како ќе го унапредиме и симплифицираме процесот на пристапување на Западен Балкан во ЕУ. 

– На денешната конференција сите делегати придонесоа со конкретни идеи, особено во однос на регионалната соработка за заедничкиот регионален пазар и за тоа како земјите од Западен Балкан и придружните земји најдобро да се подготват во однос на заедничкиот пазар на Европската Унија, кој е доста конкуретен. Истовремено, и како да се заврши процесот (на пристапување) – рече евроамбасадорот Рокас во изјавата по првата сесија на КОСАП.