Реклама

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Македонија

Родителите на Васил Јованов негираат дека му го дале возилото со кое ја прегази Фросина

Родителите не му го дале возилото на Васил кобната вечер кога ја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Родителите не му го дале возилото на Васил кобната вечер кога ја прегази младата Фросина. Тие тврдат дека не му дозволувале да вози без возачка, но тој го украл автомобилот. Вечерта на трагичниот настан, Васил бил на отворање на кафуле на негов пријател каде конзумирал алкохол. Родителите Ана и Зоран Јованови кои се појавија за прв пат во јавност по несреќата, изразија сочувство до семејството на Фросина и тврдат дека никогаш не „ потегнале“ врски за поблага казна за претходните дела од нивниот син, и негираа дека имаат поврзаност со судијката Даниела Алексовска Стојановска.

Колата е купена во 2016 година поради потреба зашто сопругата работеше подалеку и ѝ требаше за да патува на работа. Правно беше на мое име, де факто сопругата ја користеше. Васил до 18 години не дозволив ни со мене ни со чичко му да вежба да вози верувајќи дека најдобро се учи со часови од почеток. А и не бараше. Кога завршил со часовите со инструкторката, кога помина низ тој процес претпоставувам дека помислил дека знае да вози. И го има украдено автомобилот, рече Зоран Јованов

Јас првпат и единствен пат ја видов таа госпоѓа во мојот живот, во рамките на самата судница, на рочиштата и ниту во овој момент јас не знам чија сопруга е. Можеби е сопруга на некој мој поранешен колега, но јас не сум свесна за тоа. Бог ми е сведок“, изјави Ана Јованова, мајка на осомничениот

Реклама

Адвокатот на Васил,  Сашко Дуковски вели дека во јавноста се споделуваат многу невистини. Апелира да се остават институциите да ја завршат работата. Тој негира дека Васил побегнал од местото на настанот, а вели дека Јавен обвинител дошол за неколку минути. Додава дека не може да се коментира брзината на движење затоа што сега започнало вештачењето.

Видовте низа експерти самоповикани кои се знаат за постапката, а постаптката не трае ни една недела, вчера беше почната вештачењето, но јавноста беше интокринирана, со невистини, со повик за линч, рече адвокатот Сашко Дуковски.

22 годишната Фросина Кулакова беше прегазена на булеварот Партизански одреди, на пешачки премин  на 29- ти јануари од страна на Васил Јованов кој  поминал на црвено светло со брзина поголема од дозволеното и бил под дејство на алкохол.