Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Родителите на учениците во „Тодор Јанев“ завршија во полиција: Нема да се откажеме, дури и да ја изгубат годината!

Кулминираат случувањата на протестите пред пред ОУ Тодор Јанев во Чашка, откако…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кулминираат случувањата на протестите пред пред ОУ Тодор Јанев во Чашка, откако родителите покажаа цврст став дека нема да попуштат. Десетина од нив, учесници на протестот вчера против неоснованото- како шти велат, отворање на паралелка на албански јазик -завршија  на разговор во полиција. Ги пријавила директорката на училиштето Елена Николова, оти тврди дека вербално и физички ја нападнале.

“Не се откажуваме, и по цена децата година да изгубат. Денеска имаше полиција, околу 30 полицајци, очекувавме вакво нешто после манипулацијата што ја направи со брзата помош очекувавме дека нема да дојде денеска на работа“ – вели Цвета Пешовска.

Родителите и денеска беа собрани пред влезот на школото, но директорката не се појавила.Од советот на родители за Алфа велат дека не отстапуваат од нивните барања, но најважно според нив е Николова да си даде оставка.

Реклама

“Бараме оставка од неа за да мозе наставата на продолжи во нормален тек” – потенцираат родители.

Елена Николова не одговори на прашањата како ќе се справи со незадоволството на родителите и децата. Пред една недела, за Алфа кажа дека нема ништо незаконски за формирање нова паралелка за ученици од албанска националност, иако станува збор за само четири деца. Таа тогаш побара да не се прави етничка поделба.

Родителите пред два дена му доставија предлози на министерот Шаќири,за новата паралелка да биде во соседните села Бањица и Сливник каде мнозинството жители се од албанска националност. Но за министерот тоа не било прифатливо.

Инаку, училиштетo “Тодор Јанев”  според статутот е само за настава на македонски јазик, и во населено место со мнозинство Македонци, а во кое според лична карта на родителите нема регистрано ниту еден жител кој зборува албански.