Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Родителите на ученици од ОУ „Тодор Јанев“ на протест, бараат оставка од директорката за насилно отворена албанска паралелка

Со полиција, свирежи и барање за оставка и беше посакано добредојде на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со полиција, свирежи и барање за оставка и беше посакано добредојде на директорката на ОУ „Тодор Јанев“ од општина Чашка. Родителите револтирани и гневни за како што велат “насилното” формирање на албанска паралелка во училиштето. Го обвинуваат министерот за образование Јетон Шаќири, но и директорката на училиштето, затоа што дала зелено светло за да се формира оваа паралелка. Според родителите ова е неприфатливо и незаконски, бидејќи училиштетo според статутот е само за настава на македонски јазик, и во населено место со Македонци, а во кое според лична карта на родителите нема регистрано ниту еден жител на албански мајчин јазик.

“Албанската паралелка е само производ на сите незаконски работења наназад од в.д директорката а поддржана од МОН. Сите тие работи се случуваат како што споменаа, дека се прекршени статути, закон за орагнизација, промена за систематизација и најосновно коренот на проблемот е тоа што се се почна без училишен одбор” изјави Цвета Пешовска, родител.

“Ние советот на родители, и граѓаните на Чашка се надеваме дека во најкус временски рок ќе се најде излез од ситуацијата во која се наоѓаме и трае, а пред се трпат нашите деца” вели Весна Димовска.

Реклама

Реагираат и вработените кои откриваат дека поради новата паралелка на ученици од албанска нациналност затворени се просториите во училиштето кои досега служеле како интернат за дечињата од соседните села.

Директорката на училиштето за Алфа вели дека имало основ за формирање на алабанска паралелка. Таа тврди дека поради неправилности во работењето на училиштето изминатите години, МОН и ги одземал ингеренциите на општина Чашка за управување со училиштето.

Јас не разбирам зошто е бојкотот, не треба да правиме етничка поделба јас не гледам никаков основ за ова. И тие дечиња кои што тврдат дека не припаѓаат овде, тие деца живеат тука. Да можеби треба да учат во училштето на албански јазик, но тоа е во село Јаболчиште одалечено 50-тина километри од тукавели в.д директорката Елена Николова.

Од ресорното министерство велат дека МОН се заложува за овозможување на правото на образование на мајчин јазик за секој ученик, затоа што тогаш воспитно – образовниот процес е најефикасен и ефективен.