Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Роботот асистираше, хирурзите оперираа: Историски зафат на Урологија

Медицински робот влезе во хирушка сала на Клиниката за урологија. Изведена е првата робот-асистирана операција во Mакедонија. Четворица пацинети со карцином на проста веќе се оперирани со демо роботот.Овој систем има функционални прсти, но на операцијата ги управува хирург. Пациентите се оперирани со минимално инвазивна метода. Директорот на Клиниката д-р Башким Шабани, за Алфа го […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Медицински робот влезе во хирушка сала на Клиниката за урологија. Изведена е првата робот-асистирана операција во Mакедонија. Четворица пацинети со карцином на проста веќе се оперирани со демо роботот.Овој систем има функционални прсти, но на операцијата ги управува хирург. Пациентите се оперирани со минимално инвазивна метода. Директорот на Клиниката д-р Башким Шабани, за Алфа го објаснува процесот на хирушкиот зафат, каде што со само еден отвор се овозможува максимална прецизност, помала траума помалку болка и само неколку дена хоспитализација.

Пациентите кои се оперирани со роботска хирургија, хоспитализацијата трае максимум 3 – 4 дена.Во споредба со другите методи лежат подолго време.Така што штедиме и на хоспитални денови и на другите трошкови што следуваат со третманот на пацинетите – изјави д-р Башким Шабани, директор на Клиника за урологија.

Демо роботот чини 1, 8 милиони евра, и според директорот Шабани потребно е  државата да набави таков апарат. Ќе им се олесни и на пацинтите и на хирурзите но и на Фондот за здравство.

Реклама

Апаратот реално не е скап многу, мислам дека за државата не е голема цената.Сите развиени европски уролошки центри веќе имаат долго искуство со робот асистирана хирургија.Мислам дека со помош на Министерството ФЗОМ и Владата би било добро да се набави тој апарат” – изјави д-р Шабани.

Операциите ги изведе тимот на Клиниката за урологија.

Овој роботски систем покрај во урологијата ќе има можност да  се користи и во гинекологијата и во други хируршки домени во рамките на државното здравство.