Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Ристовски ги пречека европските вицешампиони – честитки и поддршка за македонските параглајдеристи

Секој медал заслужува честитка, а успехот заслужува поддршка, порача министерот за спорт…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секој медал заслужува честитка, а успехот заслужува поддршка, порача министерот за спорт Борко Ристовски на денешната средба со членовите на македонската параглајдинг репрезентација која го освои 2. место на Европско првенство што се одржа во Крушево.

На првенството настапија 130 натпреварувачи од 30 земји, а Крушево и Македонија уште еднаш се покажаа како одлични домаќини на европската параглајдинг елита. Круна на првенството беа двете освоени медали – злато за македонската натпреварувачка Ана Бергер во женска конкуренција и сребро за македонските репрезентативци во параглајдинг кое го изборија  Дарко Станковски, Мартин Јованоски, Ѓорги Ристовски, Глигор Зафиров, Александар Гацевски, Благоја Гроздановски и Јован Северов кој обезбедуваше поддршка од земја.

На средбата, министерот Ристовски им го честиташе успехот на македонските параглајдеристи и истакна дека ваквите резултати се потврда за квалитетот, посветеноста и континуираниот напредок што го бележи Македонија во овој атрактивен спорт.

Реклама

– Честитки за целиот тим за одличниот настап и за уште еден голем резултат на европската сцена. Зад овој успех стојат огромен труд, знаење, посветеност и тимски дух. Како Министерство за спорт продолжуваме да ги поддржуваме македонските спортисти кои со своите резултати го подигнуваат македонското знаме на најголемите спортски сцени – порача Ристовски.

Успехот во Крушево претставува продолжение на континуираниот напредок на македонскиот параглајдинг. Македонија на Европското првенство во Србија во 2022 година го освои четвртото место, во 2023 година беше трета на Светското првенство во Франција, а сега го освои второто место на Европското првенство на домашен терен.

Македонските параглајдеристи Дарко Станковски и Мартин Јованоски моментално се на третото и четвртото место на светската ранг-листа.

Европското првенство уште еднаш ја потврди препознатливоста на Крушево и на Македонија како врвна параглајдинг дестинација и успешен домаќин на големи меѓународни спортски натпревари.