Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Ристов: Конче заслужува да оди напред

Конче заслужува да оди напред, тоа го можеме, тоа си го должиме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Конче заслужува да оди напред, тоа го можеме, тоа си го должиме сами на себе. Затоа, во вториот изборен круг да излеземе масовно на избори да го направиме вистинскиот избор за нашата општина, порача Златко Ристов, кандидат за градоначалник на Конче од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на маалскиот митинг што се одржа во селото Ракитец, Општина Конче, во рамки на изборната кампања од вториот изборен круг на локалните избори.

Во продолжение од обраќањето Ристов ги посочи најважните проекти од неговата изборна програма.

-Спортот и најмладите, ќе продолжиме да градиме и реконструираме стадиони, куклтурни домови, ќе продолжиме да ги поддржуваме најмладите преку стипендии за најдобрите ученици, еднократна помош за секој ученик кој го завршува основното образование и се запишува во средно, стипендии за најдобри студенти, а исто така ќе продлжиме и со стипендии за нашите спортисти и претставници на културно-уметничките друштва и секако Ракитец е опфатен во овие делови од програмата, истакна Ристов.

Реклама

Тој најави реконструкција на системите за водоснабдување во повеќе населени места, доизградба на краци од фекална канализација во неколку села, а во завршна фаза е изградбата на главната улица во село Ракитец. Покрај тоа, Ристов вети набавка на возило на комуналното претпријатие кое се очекува да биде испорачано до крајот на годината, а ќе служи за одржување на полските патишта во сите населени места и зимско одржување на локалните патишта.