Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Ристевски: Непромислените ад хок потези на минатата власт ја ставија Македонија во тесно на патот кон ЕУ

Спорот Словенија – Хрватска и влезот на Хрватите во ЕУ не може…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Спорот Словенија – Хрватска и влезот на Хрватите во ЕУ не може да се спореди со билатералниот спор на Бугарија и Македонија Граничниот спор на поранешните југословенски држави почна да се решава со арбитража пред самиот влез на Хрватите, а Македонија поради не внесувањето на Бугарите во Уставот не може ниту да ги отпочне преговорите. Нашата држава доживува класичен булинг од одредени еу земји. Вака дел од аналитичарите ги коментираат пораките испратени од конференцијата на Певропската унија на Македонија, на која премиерот беше дециден. На Македонија не и се мери напредок, туку е блокирана поради спорот со Бугарија и повторно од неа се бара нова отстапка.

Oд власта се бара да се води од претходно преземени обврски кон одредени држави, без дали е тоа дел од нејзината политика и каква е реалната поддршка во јавноста. Имаме пример од минатата власт – наместо широка политичка и општествена согласност, се туркаат решенија по секоја цена, само за да се исполни дадено ветување, коментира Ристевски. Според него, претходната влада, и покрај тоа што немала поддршка од никого, уверувала дека прашањата ќе бидат затворени и дека процесите ќе се одвиваат без застој. Но, токму ваквиот пристап – ад хок политички решенија донесени без консензус,  се покажува како краткорочен и нестабилен.

„Минатата власт ветуваше дека нема да има застој и дека се ќе исполниме што се бара од нас, но времето покажа дека не е така. Нивните ад хок политички решенија донесени без консензус,  се покажаа како краткорочни и нестабилни“, вели Ристевски.

Реклама

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека државата мора сериозно и внимателно да размисли за концептот „прва и втора лига“ земји членки, со јасни заштитни механизми, пред да се донесат какви било одлуки. Тоа е опцијата, државата да стане дел од ЕУ, но без право на глас, што би се случило во 2027 година, како дел од сценарио поврзано со мировниот план за Украина.

Според премиерот политичките процеси што се водат во моментов имаат историска тежина и долгорочни последици, токму затоа живеењето во илузии нема да донесе соодветни решенија.

Инаку според Мицкоски Македонија е жртва на политички булинг во процесот на европската интеграција и наместо да и се мери напредок, пристапувањето  кон ЕУ е претворено во билатерални условувања што го нарушуваат кредибилитетот на институциите на Европската унија. Наместо реформите и исполнетите обврски, како мерка за напредок се наметнуваат услови поврзани со промени на уставот, името, знамето и банкнотите.

Претседателот на Меѓународната Паневропска унија, Паво Баришиќ призна дека патот на Македонија кон Европската Унија е неправедно забавен од билатерални блокади. Според него, грчката блокада во 2008 и 2018 година, а потоа и бугарската од 2019, го засениле процесот на проширување и го нарушиле кредибилитетот на европските институции.