Скоро една година од мојот втор мандат, откако заедно со вас ја менаџираме нашата општина, период исполнет со многу предизвици, но и многу реализирани проекти во секое маaло, во секое село, со секоја мака, но и зад секој добронамерен предлог, рече Жарко Ристески, градоначалник на општина Македонски Брод, во денешниот отчет за сработеното, што МИА го пренесува интегрално
Не велам дека направивме се, имавме и моменти кога работите одеа побавно од очекуваното, но успевме и за неполна година реализиравме проекти од локална инфраструктура, вложивме во образованието проекти за младите и животната средина до нови водоснабдителни системи и патишта.
Mакедонски Брод стана видлива и препознатлива општина со сосема нов начин на менаџирање и многу реализирани проекти.
Во делот на инфраструктурата извршивме реконструкција на ул ,,Јане Сандански“ во Македонски Брод, изградба и асфалтирање на пат до с.Бенче, изградба и асфалтирање на крак до с.Звечан и крак до Томино село, изградба на нов водоводен систем за с.Сланско, изградба на нов водоводен систем за с. Црешнево и с. Старовци.
Изработивме проектна документација и во тек е реализација на пешачка патека од ул ,,Партизанска“ до м.в „Сарај“ во Македонски Брод каде се олеснува пристапот до турустичката атракција „Турбе“ или црква „Св. Никола“.
Изработивме проектна документација и во тек се подготвителните работи за изведба на градски паркинг во населба „Кале“ во Македонски Брод и во тек е реализација на проектот пешачка патека на обиколница во Македонски Брод со целосно осветлување и урбана опрема.
Изработивме проектна докментација за водоводни системи за с.Лупште , с.Тополница и с.Василковци, а во тек е изработка на проектна документација за нов водоснабителен систем за с.Могилец.
Изработивме проектна документација за енергетска ефикасност на С.О.У „Св. Наум Охридски“ Македонски Брод и поставување на фотоволтаична централа, проектна документација за поставање на фотоволтаична централа на детска градинка во Македонски Брод.
Го реализиравме проектот „Безбеден сообраќај“ со поставување на вибрациони ленти и хоризонтална и вертикална сигнализација на ул. „Партизанаска“ во Македонски Брод, а исто така изработивме и сообраќајни проекти за населено место Самоков и Сувидол се со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообрајќајот.
Во делот на заштита на животната средина и подигнување на капацитетите на јавните комунални претпријатија ова година целосно ја ставивме во функција прочистителната станица во Македонски Брод и набавивме нови пумпи и истите ги ставивме во употреба.
Извршивме набавка на машина за прочистување на канализациони системи, набавивме хидрауличен багер, култиватори за чистење снег, моторни дувалки, тримери и мулчер за одржување на патната инфраструктура.
Преку министерството за животна средина набавивме отпадни канти за селекција на отпад и специјално возило за собирање на отпад.
Воспоставивме и систем за менаџирање со отпад во с.Латово и с.Сланско.
Инвестиции во образованието во О.О.У Св. „Климент Охридски“ од Македонски Брод го реализиравме проектот „Здрава храна за секое дете“ – по повеќе од 25 години прекин повторно се стави во функција училишната кујна и со неа менаџира самото училиште.
Во истото училиште воведовме и кабинетска настава за што ги опремивме и кабинетите .
Од оваа година воведовме и целодневна настава за учениците од 1 до 3 одд.
Го реализиравме и проектот субвенционирање за полагање на возачки испит за нашите средношколци од С.О.У „Св. Наум Охридски“ од Македонски Брод.
Продолжуваме и со континуирана поддршка на средношколците кои се запишани во прва година во нашето средно училиште со еднократен надомест од 5.000 денари по ученик.
Во делот на културата ова година по прекин од оклку 20 години го возобновивме детскиот фестивал „Распеано бротче“ во Македонски Брод.
Продлжуваме со континуирана поддршка за манифестацијата „Фестивал на костенот“, „Поречки фармер“, „Велигденски кули“, „Самоков екстрим“, „Поречките поетски читања“, турнирот во мал фубал во Самоков и Македонски Брод, турнирот во одбојка во Македонски Брод и останатите културни и спортски манифестации.
Обезбедуваме и континуирана подршка на младинскиот центар од Македонски Брод кој овозможува младите да работат и реализираат голем број на проекти и истите да бидат фактор и ги креираат политиките на локалната самоуправа кои се однеуваат на младите.
Почитувани, со задоволство можам да споделам дека општина Македонски Брод е рангирана меѓу првите пет општини според индексот на буџетска транспарентност за 2025/2026. Овој резултат е потврда дека со посветена работа, одговорност и отвореност можеме да градиме општина во која вие граѓаните имате навремена и јасна информација за секој важен процес.
Ова се само дел од проектите кои ги реализиравме оваа година заедно со вас, некои од нив се целосно завршени и граѓаните ги користат, а дел во фаза на изградба. Но тука не застануваме, веќе подготвуваме нови проектни документаци за наредни капитални проекти за Македонски Брод и Порече.
Продолжуваме со јасна визија за нашиот Македонски Брод, модерен, европски и самоодржлив со многу реализирани проекти во секое маало, населба или село.

