Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Македонија

Ревизори од Македонија и пет други држави покренуваат заеднички контроли врз трошењето на јавните средства

Дводневен експертски состанок на претставници на ревизорски институции од Србија, Македонија, Црна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дводневен експертски состанок на претставници на ревизорски институции од Србија, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Словачка, почна денеска во Белград, чија цел е зајакнување на соработката и започнување заеднички ревизии за користењето на јавните средства за постигнување на Целите за одржлив развој, особено на локално ниво.

Генералниот ревизор и претседател на Државната ревизорска институција на Србија, Ивица Гавриловиќ, нагласи дека Целите за одржлив развој се „можност за сите нас“, соопшти Програмата за развој на ОН (УНДП).

„За успех, потребна ни е синергија од сите – државата, граѓанското општество, академските институции и донаторите“, рече Гавриловиќ на состанокот „Стратешки дијалог на врховните ревизорски институции за заеднички ревизии во врска со Целите за одржлив развој“. Тој додаде дека би сакал еден од конкретните резултати од партнерството со УНДП да биде воспоставување регионален форум на високо ниво како заедничка платформа за континуиран дијалог, размена на искуства и побрзо постигнување на целите.

Реклама

Претседателот на Комисијата за финансии, републички буџет и контрола на јавните расходи на Народното собрание на Србија, Верољуб Арсиќ, изјави дека задачата на Комисијата за финансии, како и задачата на врховните ревизорски институции, е да обезбедат јавните пари да се трошат таму каде што ќе имаат најголем ефект врз квалитетот на животот на граѓаните.

Настанот беше организиран во рамките на регионалниот проект „Паметно финансирање за одговорно локално управување“, кој, со поддршка на Словачка, го спроведуваат Регионалниот центар на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Истанбул и Канцеларијата на УНДП во Македонија, во соработка со канцелариите на УНДП во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Молдавија и Србија. Проектот има за цел да ги подобри ревизиите поврзани со Целите за одржлив развој, да спречи корупција и да ја зголеми транспарентноста преку зајакнување на локалните системи за ревизија и контрола.