Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Ретките болести во Македонија и не се толку ретки – дијагностицирани илјада, а реалната бројка ближи кон 100 илјади пациенти

Бројот на пациенти со ретки болести рапидно расте, а терапиите кои треба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бројот на пациенти со ретки болести рапидно расте, а терапиите кои треба ги примаат се стравично високи.Милионските суми изразени во долари или евра, не може да си ги дозволи не само едно просечно македонско семејство,тоа е проблем на светско ниво-укажуваат македонските лекари.

Иако во официјалниот регистар за ретки болести во Македонија има 962 пациенти,се претпоставува дека таа бројка е далеку поголема и се движи помеѓу 90.000 и 110.000 луѓе кои имаат ретки болести,укажуваат лекарите.Најефтините лекови кои мора да ги примаат чинат околу 500.000 долари.Со овој проблем се борат и земјите од регионот.

“Ни едно семејство дали се работи за Македонија или било која друга земја не може да плати такви цени.Еве да ви се случи во фамилија да имате дете на кое му треба 2,3 милиони долари, нема.Тоа може да помогне само државата.

Реклама

Не се сите толку скапи, ама и тие што не се скапи се 500.000 долари годишно, а треба да прима 15 години или 20,така да скапоста на терпијата е посебен проблем”-вели проф.д-р Зоран Гучев-педијатриски ендокринолог.

„За сега Србија се бори и сите деца добиваат лекови кои ги покрива државата преку Фондот за здравство што е голема работа.Очекувам бројот на дијагностицирани деца да е значително поголем. Прашање е дали ретките болести се навистина толку ретки, или ние не ги препознаваме”-вели Татјана Миленковиќ-доктор од Србија.

Програмата за ретки болести во Македонија постои 16 години.Ако во 2009 -та година од фондот за ретки болести се искористиле 215.000 денари,од буџетот лани се издвоиле една милијарда и 250.000 денари.

“Можете да замислите во овие 16 години колку кратно се зголеми потребата за сретства за пациентите со ретки болести.Ова е резултат не само на зголемениот број на потреба на самите пациенти туку е резултат прво на зголемиот број на дијагностицирани пациенти”-вели д-р. Злате Стојаноски,претседател на Комисија за ретки болести.

Комисијата за ретки болести ja изготви првата стратегија која ќе се најде пред пратениците,а во меѓувреме комисијата добила ветување од Фондот за здравство дека ќе овозможи повеќе пари за брзо дијагностицирање со цел пациентите да не губат време и сретства за лекување во странство.