Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Економија

Крај на блокадите, решен проблемот на транспортерите – лобирањето на македонските власти даде резултати во Брисел

Притисокот се исплатеше. Европската Унија планира да ги признае возачите од земјите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Притисокот се исплатеше. Европската Унија планира да ги признае возачите од земјите надвор од Шенген зоната како професионалци. Европската Комисија излезе со нова стратегија за визи за продолжен краткорочен престој за возачите на камиони од државите од Западен Балкан. Во стратегијата јасно стои дека овие луѓе кои се т.н. бизнис патници, патуваат во име на доверливи компании, кои генерално претставуваат низок ризик за Унијата и се сметаат за сигурни. Комисијата смета дека овие возачи, уметници, спортисти транзитираат  поради работа без намера трајно да останат во Европа. Сепак, во документот пишува дека не постои заеднички пристап за вакви доверливи патници и корпоративни спонзори, при што секоја земја-членка има посебни шеми и олеснувања за процесот на издавање визи. Комисијата планира да состави список на признаени компании и работници, кои би биле исклучок од правилата.

„Некои од овие шеми се насочени кон специфични сектори, како што се индустриите за превоз или патен транспорт. Ова води до фрагментација за бизнисите кои се активни низ цела ЕУ. Заедно со земјите-членки, Комисијата ќе се консултира со земјите-членки за формирањена можен заеднички список на потврдени компании, вклучувајќи стартапи и компании со зголемување на побарувачката, чии вработени би добиле забрзана обработка, олеснувајќи ги процедурите за доверливи деловни патници и носејќи економски придобивки за целиот единствен пазар на ЕУ“ – пишува во Стратегијата.

Од Европската комисија велат дека предлагаат поголема флексибилност за превозниците, без да се загрози безбедноста.

Реклама

„Свесни сме за овие загрижености покренати од транспортерите од Западен Балкан. Мислам дека е важно да се подвлече дека сега кога говориме з аовој систем за влез и излез, тој не донесе некакви нови барања кога станува збор за должината на кратките престои во Шенген зоната. Но свесни сме за овие потешкотии во оваа област и во Стратегијата за визи ќе го адресираме тоа прашање. Предлагаме исто така да разгледаме повеќе флексибилности, без притоа да ја ризикуваме безбедноста во исто време“ – вели извршната потпретседателка на Европската комисија за технолошки суверенитет, безбедност и демократија, Хана Виркунен.

Новите правила сè уште не се конечна одлука. Во документот се нагласува дека засега станува збор за стратешки размислувања и анализи на ниво на Унијата и дека сите измени на правилата ќе зависат од понатамошните преговори меѓу Европската комисија и земјите-членки. Вицепремиерот и министер з атранспорт Александар Николоски очекува Македонија да биде повикана на состанок за да се најде конечно решение за овој проблем кој е закана за економијата. Тој изминатава недела интензивно разговараше со неговите колеги од Хрватска, Бугарија и Грција во обид да се изврши притисок од Унијата да ја разбере сериозноста на проблемот.

По ваквиот развој на настаните, асоцијацијата на превозници Макам-транс одлучи да стави крај на блокадите. Камионите ќе се повлечат од премините од вечерва од 20 часот. Проценките досега се дека загубите на ниво на Западен Балкан од блокадите чинат и до 150 милиони евра дневно, а најмногу погодени се земјоделството, хемиската и преработувачката индустрија.