Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

Ресенчанец остана без покрив на главата

Луѓе и судбини. Горчливата судбина си поигра со 58-годишниот ресенчанец Владо Пупулковски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Луѓе и судбини. Горчливата судбина си поигра со 58-годишниот ресенчанец Владо Пупулковски, некогашен текстилен работник во “Преспатекс“. Тој нема семејство и како осаменик што живее само со социјална помош од 4. 000 денари, доживеа да остане и без покрив над главата , откако се урна кровот на неговата куќа во центарот на Ресен, некогашна палата наспроти Сарајот. Сега е прибран во една шупа на соседите, без струја, вода и греење.

– Живеам од социјална помош од 4. 000 денари и со помош на комшиите. Мрзнам што да правам. Куќата падна, ете самите гледате, изгледа од земјодетресот, нешто се случи и падна. Сега нера, до вчера спиев внатре и опасно е. Благодарение на комшиите, ме прибраа овдека- со солзи раскажуваше Влчадимир Пупулковски.

Комшиите помагаат колку што можат, но тоа е премалку, зашто и тие се сиромаси.

Реклама

– Го примивме во нашата стара куќа и нема никакви елементарни услови за живот. Моментлно престојува, а нема струја, нема вода, нема ништо. Јас сум самохран родител, повеќе не можам да му помогнам- рече КИлементина Величковска.

– Така е, онака како што го гледаш, сиромав, нема никој, нема ништо – рече соседот Митко Беличовски.

– Човекот е на голема сиромаштија. Некни кога беа тие дождовите и земјотресите во Албанија, куќата падна и сега нема каде да оди. Едно социјално има, а ние да му поможиме, ама колку кога и ние сме сиромаси – рече соседот Никола Соколовски.

Во Центарот за социјална работа велат дека според параграфите на законот, му дале еднократна парична помош од 4.500 денари , а од Општината велат дека треба да достави барање , со ветување дека ќе му се додели помош. Тој, очекува да се организира донаторска акција и шупата во дворот да се закрпи и приспособи за да има каде да се прибери, со надеж дека наместо скромната социјална помош, ќе добие стечајна надокнада.

Петар Стефановски