Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Реконструкција на водоводна мрежа на „Моша Пијаде“ во Куманово

Општина Куманово, денеска ги информираше граѓаните дека ќе почнат градежни активности на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Куманово, денеска ги информираше граѓаните дека ќе почнат градежни активности на потегот од улицата „Иво Лола Рибар“ до улицата „Пиринска Македонија“, дел од реконструкција на водоводна мрежа на дел од ул. „Моша Пијаде“

-Реконструкцијата на водоводната мрежа ќе опфати приклучување на станбените објекти во посочениот регион. Заради обезбедување на непречени услови за изведување на градежните работи, се информираат граѓаните да не ги узурпираат тротоарите на тој потег на улицата, дел од улицата „Моша Пијаде“, каде се реализираат проектните активности-информираат од општината.

Кумановци реагираат дека реконструкцијата трае предолго и бараат ефикасност во реализацијата на овој проект. Претходно, градоначалникот на Куманово, информираше дека околу 50 проценти од трасата за електроенергетската мрежа веќе е завршена, а во наредниот период се очекува да биде реализиран и преостанатиот дел. Во претпоследната фаза беше изградена атмосферска канализација на дел од улицата и на поставување подземна оптичка мрежа за кабелските оператори.

Реклама

Реконструкцијата се реализира со средства обезбедени преку Светска банка, а дел од проектот е финансиран од буџетот на Општина Куманово. Станува збор за проект во рамки на програмата за поврзување на локални патишта, финансирана од Светска банка. За неговата подготовка Општина Куманово изработи контролна листа за управување со животната средина и социјалните аспекти, согласно стандардите на Светска банка, а претходно беа организирани и две јавни презентации на кои граѓаните можеа да достават забелешки и предлози. Проектот предвидува реконструкција на фекалната и водоводната мрежа на дел од улицата, од почетокот до крстосницата со улицата „Пиринска Македонија“, во должина од околу 490 метри, инвестиција што ја обезбедува Општина Куманово. Со средства од Светска банка ќе се извршат изградба и реконструкција на атмосферската канализација долж целата улица, во должина од околу 1.400 метри, како и целосна реконструкција на коловозот.

Предвидено е и поставување подземна инфраструктура за електричната мрежа и телекомуникациските оператори, со што по завршувањето на проектот каблите ќе бидат дислоцирани од бандерите. Во рамки на реконструкцијата ќе бидат поставени и енергетски ефикасно јавно осветлување, нови паркинг-места и пешачки површини, ќе се уредуваат дрворедите, а предвидено е и поставување на седум сета полуподземни контејнери.

Тендерската постапка ја спроведе Министерството за транспорт, а краен корисник на проектот е Општина Куманово.