Реклама

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на ОЈО ГОКК со 64 гласа

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Македонија

Реконструиран Ученичкиот дом во Кавадарци

Завршен е реконструктивниот зафат на ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков“ – општина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Завршен е реконструктивниот зафат на ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков“ – општина Кавадарци, што располага со вкупна површина и зелен простор од 4.519,22 квадратни метри, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

– Општина Кавадарци заедно со тимот од ученичкиот дом успешно го заврши целиот процес на реконструкција и модернизација на ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков“ кој опфаќаше комплетно реновирање на собите, тоалетите, ходници и влезни парти. Опфатен надворешен дел, менза, магацин 1, магацин 2, ходници, простории за рекреација, библиотека и занимални на втор кат, тоалети и целосно нова електрика и целосна реконструкција на кујната. Вкупниот капацитет за сместување на ученици е 100 легла и најчесто тоа се ученици од Берово, Пехчево, Гевгелија, Дојран, Богданци. Со оваа реконструкција, општината има вложено околу 10.000.000 денари, соопштија од кабинетот на Јанчев. 

Оттаму подвлекоа дека со оваа значајна инвестиција, домот доби современ изглед, подобрена функционалност и подобри услови за престој, учење, дружење и секојдневен живот на учениците.