Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Македонија

Рекет отвора нова дилема – Зошто Заев чекал шест дена за да го пријави Боки 13

Зоран Заев кога бил премиер сепак, комуницирал со Боки 13. Тоа го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зоран Заев кога бил премиер сепак, комуницирал со Боки 13. Тоа го покажуваат смс пораките кои денеска обвинителството ги презентираше како докази во Судот.

“Никогаш не сум го злоупотребил твоето име, од секогаш сум ве почитувал. Крајната одлука за нашиот однос ќе биде твоја одлука. Јас сум ти другар и пријател. Јасно кристална ми е целата конструкција. Ве молам кога ќе можете да ме примите, му пишува Боки 13 на Заев.

Заев му враќа:

Реклама

“Сум се борел храбро, јас сум претседател на Влада и должен сум да го заштитам владеењето на правото. Боки ги видов доказите. Можеш ли да замислиш колку сум огорчен, за да јас напишам таков одговор. Извини, но грозно е!”

Ова наметнува нова дилема, ако се знае дека Заев негираше каква било комуникација со првообвинетиот за Рекет. Тој во август 2019 на ФБ објави

Со Јовановски единствено имам разговарано, само еднаш за хуманитарни активности на неговиот Меѓународен сојуз, после што ниту јас ниту Владата не сме имале натамошна соработка, ниту формална ниту неформална. Уште еднаш, ги повикувам сите истражни органи во целост, ама во целост да ги истражат случајот и да носат одлуки. – ова го изјави Заев, во Август минатата година.

Според обвинителството на 16ти Април 2019 година , Боки 13 на својата мајка Јасминка и испраќал скриншотови од комуникацијата што ја имал со Заев кон крајот на Февруари.Тие пишувале пораки и во Април. Зачудува фактот што и покрај комуникацијата во Февруари и Април ,Заев случајот  во обвинителството го пријавува многу подоцна.Според напишаното на фб , тој Рускоска дури на 22 Април 2019 ја информира дека Орце Камчев бил жртва на Боки 13 и Катица Јанева.

Освен со Заев, Боки 13 имал комуникација  и со адвокатот Димишков, брат на судијката на претходна постапка Весна Димишкова. Но, од пораките не може да се дознае контекстот на разговорот на Димишков и Јовановски, како и која е неговата улога во разговорот. Боки 13 Катица Јанева ја пишувал како „мајка”. Боки 13 на денешното рочиште обвини дека Обвинителството вршело селективно вештачење на неговиот мобилен телефон.

Ања Василева