Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Македонија

„Рекет“ : Јанева барала Камчев само да ѝ плати на државата отштета и да не оди во затвор

На само месец дена од отворањето на истрагата за случајот Империја, Катица…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На само месец дена од отворањето на истрагата за случајот Империја, Катица Јанева како шефица на СЈО барала ублажување на мерката притвор за бизнисменот Орце Камчев, што се коси со правната пракса, тврдеше денеска во судот заменичката на Јанева во СЈО, Елизабета Јосифовска како сведок на обвинителството за гонење организиран криминал, во Случајот против Боки 13 и Јанева познат како „Рекет“. Иако на тоа се противела обвинителката Лиле Стефанова, на колегиум Јанева и наредила ублажување на мерките. И за враќањето на пасошот на Камчев, Јосифовска одговорноста ја префрли кај Јанева. Таа тврдеше дека иако лично го потпишала решението, за времениот пасош, сепак наредбата стигнала од кабинетот на Јанева. Јосифовска денеска на влезот во судот не сакаше да зборува за детали околу случувањата во СЈО.

За одбраната на Јанева пак нема ништо спорно по одлучувањето на Јанева во случајот Империја

Судењето за рекет и денеска не помина без жалби од Боки 13 дека мерката притвор ја издржува во нехумани услови, а се пожали и дека имал закани по животот, за што испратил писма до амбасадите.

Реклама

Во случајот Рекет, за примање награда и перење пари обвинет е Бојан Јовановски, на Катица Јанева на товар и се става злоупотреба на службената положба и овластувањето. Клучен сведок во постапката е бизнисменот Орце Камчев од кого биле изнудени 1,5 милион евра како би се ослободил од кривичен прогон за случајот Империја. Во судот сведочеше и неговата сопруга Ана, која тврдеше дека и таа кај Боки 13 дома однела одредена сума пари. Скоро секој сведок во постапката, изнесува нови моменти за тоа како работело СЈО, но и за релациите што ги имал Боки 13. Во судот досега и беа спомнати имињата на министрите Шекеринска, Филипче, градоначалникот Богоев, Кирацовски, Јанева како и естрадни лица оделе дома кај Боки 13.

 

Катерина Гетева