Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

РЕК Битола и РЕК Осломеј го одбележаа 28 Август – Денот на рударите – рударството е сериозна индустриска гранка и темел на македонскиот енергетски систем

Во РЕК Битола и во РЕК Осломеј денеска беше одбележан 28 Август,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во РЕК Битола и во РЕК Осломеј денеска беше одбележан 28 Август, Денот на рударите, како дел од долгогодишната традиција.

На настанот, заменик министерот за енергетика, рударство и минерални суровини Мирослав Лабудовиќ и членови на Управниот одбор на АД ЕСМ ја истакнале непроценливата улога на рударите во одржувањето на стабилноста на македонскиот енергетски систем и испратиле пораки за натамошно подобрување на условите за работа, поголема социјална сигурност и континуирано зголемување на стандардот на вработените.

-Кадрите од оваа, најтешка професија на светот, не се создаваат само со зборови – тие се создаваат со труд и посветеност. Веќе ги гледаме позитивните сигнали во процесот на консолидација на АД ЕСМ. Новиот Колективен договор е потврда за нашата заложба за поголема социјална сигурност и подобри услови за вработените, преку директно покачување на платите уште од овој месец, како и скалест раст на примањата кој ќе надмине 10 отсто во наредните 20 месеци. Исто така, веќе од августовската плата обезбедивме и поголемо вреднување на минатиот труд, што дополнително ќе влијае на порастот на платите – рече Коњановски во своето обраќање до рударите во РЕК Битола.

Реклама

Заменик министерот Лабудовиќ, во своето обраќање ја истакнал неопходноста од инвестиции во рударскиот сектор.

-Рударството не е само традиција и пот – тоа е сериозна индустриска гранка и темел на македонскиот енергетски систем. Оваа гранка учествува со речиси 11 отсто во нашето индустриско производство, а над 10.000 семејства во Македонија го вадат својот леб директно од рударскиот сектор. Затоа, ако сакаме економски силна и енергетски независна држава, мораме да инвестираме во рудниците. Ни требаат високотехнолошки развиени копови, современа и механизирана опрема, побезбедни услови за работа и најстрога контрола за заштита на животната средина и рекултивација на земјиштето – подвлече Лабудовиќ.

Како што стои во соопштението на АД ЕСМ, директорот на РЕК Битола, Иван Куковски, ја истакнал клучната улога на рударите во производствениот процес.

-Сериозниот пристап мора да ни биде примат – одговорноста на секој од нас е на прво место. Потребно е заеднички да креираме континуирано подобрување на условите за работа, но и посветено да се стремиме кон обезбедување на стабилна енергетска иднина, која најмногу зависи токму од нашите рудари – истакнал Куковски.

Според директорот на ПЕ Рудници, Златко Шиниковски, главен приоритет во наредниот период останува навремената техничко-технолошка подготвеност на механизацијата и системите за транспорт на јаглен, како и ископот на јаловина и јаглен во целосна согласност со рударските проекти.

На одбележувањето во РЕК Осломеј се обратил заменик генералниот директор на АД ЕСМ, Агим Садику, кој посочил дека финансиската консолидација на компанијата во наредниот период ќе овозможи дополнително унапредување на социо-економските придобивки за сите вработени во АД ЕСМ. Тој додал дека се инвестира во ремонти, во ревитализација на техничко-технолошките процеси и во целосно запуштената опрема. 

Во честитката до рударите, директорите на РЕК Осломеј Александар Арсоски и Адил Сејдини се осврнале на актуелните предизвици и важноста на комбинатот, особено на неговиот придонес во текот на грејната сезона. 

Во двата рударско – енергетски комбинати биле доделени пофалници на 28 работници за особен придонес  за изминатата година.